Јас мислев единствени сме што мака мачиме за пиење вода, чај, сок ништо освен млеко не пие, полни 7 месеци има за 2 недели прави 8 месеци
Цица да, ама некако мислам дека доста храна јаде и за тоа што јаде малку дека му е цицањето, особено што не цица баш деновиве.. а и не дека којзнае колку давам, сакам да се навикне на водичка, различно од мајчино.. а сокчиња и чајчиња не планирам во брзо време. На почеток давав 2-3 дена сокче свежо цедено, ама тука ме советуваа дека не треба, па и подистражив и прекинав да давам сокчиња, само кашички и цицање + обиди за вода
А како е со столицата? Има проблем? Мене тоа најмногу ме плаши и секако да не дехидрира.. вие сте на доење или ад?
Да си кажам за водата скоро ич, кога и давам шише, цуцлите ги гризе си игра не пие, од чаша мала пие по малку, страв ми е така да и давам, како маче е со јазичето, не знам дали да пробам со чаша со клунче . И покрај храната мислам не намаливме со цицање истото си тераме, ама многу и се мали оброците, не можам да кажам дека е оброк тоа, само банана кога јаде си јаде убаво.
OK е со столицата, вчера и денес малце потврдо, на АД млеко е, ама фрустрира моментот ништо што не пие, плус околината што соли памет тури му шеќ на што сум голем противник и така цел ден јас нудам бебе се лути, тепа шише и така упорна сум дека ќе се навикне ама некако тешко личи.
Исто кога не плаче или го тепа шишето ја гризе цуцлата, не го прифаќа вкусот никако, демек после каша треба да е жеден, во нашиот случај не е така
Остај што ти зборат другите, како што мислиш дека треба така прави. За водичка само упорна биди, пробај со лажичка, чашка, дури Каетана ми предложи со цевче да пробам, моето уште не сака, ама твоето може ќе сака, поголемко е малку
Пробај со сокче на хип од јаболко маа разреди го со вода.Можеби прави фаци и не сака дека водата е ладна не е како млекцето топло пробај млака вода дади. Или свари овошје па водата дај да ја пие бебе. Прво вака па после ќе се научи постепено на вода само да пие.
Пробав со сок од јаболко, праска, јаболко морков рзредени 1:2 ниедно не го сака, компот од овошје пиеше овие два дена да не помириса, ништо јас се надевам ќе порасне ќе пие
Со лажичка ќе му напикам ама за многу долго трае пола плука ама нешто ќе лизне со цевка не знае ја гризе цевката
Majki edno prasanje, so kasicki mu davate na bebe od 4 ipol meseci, dali smee da se dava druga hrana kako n primer banana jabolko po malku nemozam da go navasam.na cicanje bebeto e 7 kg.
Машала нека е живо и здраво, според мене немаш потреба да форсираш супер си напредува, по препорака од педијатар можеш да почнеш со пробување на вкусови, за готови кашички можеш на hipp сите што се од 4 месеци, прво почнуваш со еден вкус потоа откако ќе проба воведуваш нова намирница, една намирница се дава 3 дена по неколку лажички. Потоа можеш комбинации, јас со вкусови почнав подоцна некаде од 5 месеци, полни исто имаше килажа и не сакав да форсирам
Во кифличка, во палачинка, во проја, па дадов варено. После тоа, кога како, некогаш варено некогаш пржено без масло.
А можам да дадам варена белка... Моево бебе не ја сака жолчката и само белка да дадам? И колку количински?
Па веројатно можеш. Јас од претпазливост давав прво во теста зашто не чекав година да направи, инаку дај му 3-4 парчиња нека изеде. После 2-3 дена пак и ќе видиш.
После колку време од започнување со вкусови воведовте оброк? Многу бавно иде кај нас не сака да отвори уста за ништо се влечкаме веќе 2 недели уште 3 лажици не може да изеде... 5 месеци и 3 недели е, само на доење
Мајки рецепт за проја, сакам да воведам белка, па прво во проја или палачинки, кифлички.. Некој рецепт кажете тие што имате воведено @Jana06 Каков путер давате на бебињата? И со тоа сакам да почнам..