Девојки, варите ли телешки коски за бебињата, може ли некој детално да ми опише како се варат и колку се зема количински,и дали варите заедно коски и месо, и уште едно прашање како ви ја прифаќаат киноата бебињата
@Зак од Андромеда моето за една недела прави 1 година.. Имам воведено жолчка ама не ја јади.. Само во палачинка пи малку... Сега дојде ред на белката... Ете денес ко за прв пат ја бендиса.
Има еден куп истражувања кои покажуваат дека алергените што побрзо се воведат тоа подобро. Не знам кој доктор со здрав памет и што знае да чита, препорачува белка после година.
@Butterfly1107 доцнам со воведувањето и јас... Сега последно воведов грав и бамја. Сега уште зелка ми е во план деновиве.
@Brpbrp авокадо, варена јаболка/круша, варен батат, зрела банана, брокула, карфиол. Кога ќе ги усоврши овие може варен компир и морков како левел уп и после полека полека и други работи. Ако јаде млечни и моцарелата е лесна за совладување. @MikicaBt од каде најде бамја?
Денес дадов кашичка на Холе од јаболко и круша и ја сакаше многу. Изеде околу 80-90 грама, а тегличката е 125 грама и не сакав повеќе да му дадам за да не му е многу. На 5-месечно бебе колку грама кашичка се дава на еден оброк, просечно? Не знам, искрено. Утре ќе правам нарачка од BeOrg па се надевам ќе бидам задоволна. Денес земавме готвач на пареа и блендер па од утре веќе домашно ќе му правам... Во темата за бледери ќе пишам да споделиме искуства...
Женски ај видете ,мислам дека ова вака не треба да е Значи селата содржина топтан,како пудинг се одлепува од дното...
Не ја најдов темата за блендери, најверојатно тука пишуваме за тоа... Денес земавме рачен блендер на Бош и готвач на пареа на Тефал што е тој на три нивоа. Е сега, немаше чаша со блендерот и врска немам во што да блендирам толку мала количина. Сакам да прашам за блендерот - 450 W е. Дали е доволна таа јачина за бебешка храна или требаше помоќен да земеме и готвачов на пареа на Тефал дали го има некоја од Вас и како сте задоволни?
Јас го имам на тефал ама на две нивоа е суоер е задоволна сум. Од самиот старт го користам. А за блендирање ти треба некој подлабок сад и ширина колку да влезе блендерот ако е многу широк нема можеш мала количина да блендираш потешко ќе ти оди. Не знам колку е јак мојот ама беше најобичен и ми е земен пред 2г три во едно комплет со сецко и маталка па сега за сегс супер се покажа си го користам тој. Lafè некоја фирма не ми се чини позната дека е .
Какво е на изглед? Сменило боја? Има црни и потемни делови? Авокадо само тазе пресечено сум давала, а тоа што останува, јас го јадам.
Зелено си е. Јас не јадам авокадо а не ми се фрла имам и уште едно не е сечено а стои веке 1 недела.. Колку може да стои во фрижидер? И дали само по 1/4 да давам или може и повеќе? Те утепав од прашања
Во фрижидер не чувам непресечено, мислам дека така не се чува бидејќи нема да омекне. Само 1/4 давам, поради маснотиите во него не би дала повеќе. Ако не ти се фрла, пројади авокадо Направи си намаз, стави лукче, сол, па со јајце искомбинирај си, можеби така ќе го јадеш.
По темиве прашував колку даваат, скоро го воведов и ме интересираше, тоа ми го кажаа. Плус еве јас мачкам авокадо на тонус, четвртина не е баш малку и со таа количина може две лепчиња да се намачкаат. Калорично е и мрсно авокадото.