Вие што порачувате од Биорг што правите со намирниците од 1кг? Таму како што гледам мора по килограм да се порача, не можам да земам пола кг пашканат што ќе му правам на 1кг? Замрзнувате ли или за вас користите?
Може да порачаш и помалку. Еве конкретно јас порачав 300 гр. пашканат, па дури и тоа ми е многу за десетина дена, бидејќи пашканатот се става по малку. Планирам да го замрзнам. Зборот ми беше дека можеш и во грамови да порачаш, не мора цел килограм.
со што воведовте урда и јогурт? јогурт ставив во палента,нејке да го пипне,се мршти...и дали и двете по 3 дена
Мидалм дека можеш да си нарачуваш во грамови. Јас денес за прв пат правев нарачка и реков 300 грама пашканат и не ми направија проблем никаков... Нарачав: јаболки, круши, батат, морков, тиквички и пашканат...Па ќе видиме понатаму...
Да. Свеж го замрзнав. Го ставив во студена вода, миев ливче по ливче, па го киснев во сода и пак ливче по ливче @elimkd Го варам и количина за еден оброк замрзнувам во тегличка со малку од водата во која се варело. Или месо во ќесичка, а водата во калап за мраз.
Исто и со телешкото? Варено па мрзнето? И само телешко месо или и коски? Јас мисиркино на парчиња свежо го замрзнав, може е повеќе малтретирање што знам, земав на виндија медаљони, во состав пишува сол, најверојатно не е проблем, помагајте немам искуство со овие работи ич
Тоа е природното ниво на сол што го содржи месото,сигурно е чисто,немаринирано. И зеленчукот и минералната вода си содржат сол(натриум),затоа не се додава сол до годинка,бебето си го внесува дозволениот 1гр природно.
Како ја правите палентата на хипп Ја правам според упатството но некако скоро секогаш ми остануваат грутчиња,не знам каде грешам
Стави ја палентата пред да зоврие водата и одма мешај, откако ќе зоврие намали ја малку ринглата и продолжи да мешаш без прекин. @mar3q Со ориз и морков можеш, јас го додавам 5 минути пред да биде готов другиот зеленчук колку да се обари само.