Спанаќ со ориз,кромид,морков Спанаќ,ориз,жолчка Спанаќ,кисело млеко,кромид,морков До сега вака сум давала,а го ставам при крај кога е јадењето
Овисе инстант на хип 50ст вода да истуриш врз палентата и да мешаш си ги зовривала? дека знам обичната вака се прави... @KiviOdMaldivi семолината оризот сега и палентава се ми испаѓа со грутки не знам кај грешам денес со ад ќе пробам
Добро што пиша, не прочитав дека за хип прашува. Не сум користела такви инстант. Зошто обични не користите?
Зовриена во бокал како што пишува на 100 ја ладам до 50ст мерам со топломер мерам на вага грамажа точна и пак грутки
Син ми е 10 месеци. Во план сум да воведсм белка, жолчка воведов на 7м. Е сеа спомнав пред свеки, она вика аа јаде он и белка. Викам како, кога? Ее проја јадел, таа се правела со 6 цели јајца, исто и кајгана му имала давано. Тоа се смета дека е воведена белка, или сепак јас да давам постепено неколку дена?
По колку пашканат ставате? Јас сега ќе воведувам, па не знам колкиу да ставам (заедно со други воведени зеленчуци), пошто е со поинтензивен вкус..
Леле, како не ти иде да ја задавиш! Не би го премолчела јас тоа искрено. Мојана од 3 медец запнала јајце па јајце, ама кога и пуштив заби, не ме има прашано ништо.
Леле што им е со тоа?! Еве и мајка ми вика дека нас кога нѐ дохранувале, педијатри им викале од 4 месеци да се дава банана со жолчка. Исто 1/8, па 1/4 итн ама од 4 месеци. Секако не форсира да давам и не мисли дека е правилно, само ми кажува како правеле тогаш..
Хахаха душо отрпната сум. Не е прв пат. И боровинки и урми давала. И без да праша печурки дала. И пред мене мекици јадеше со мед, и реков да не му дава, она скришно намерно, иако реков НЕ пак дала за инат. Ми се смачија нервозите со тоа. И гулаш му дала на 6м. Сите работи ги направи и отпосле кажува. Се смешка прво и провоцира демек кажан грев не било грев. За боровинките само испаничи бидејќи тогаш извади бебе осип од температура, е тогаш се стресе малку, ама еве ја сега пак си тера. Кашичка она ќе му правела јас да не се мачам, еднаш во ден и било мерак она да спреми, и после неколку дена кажува дека и сол ставала. И давам да чита зошто не треба сол, се мурти, не било вкусно без сол.
Извини, ама зашто она готви? Може заедно живеете, ама зашто па она да прави не ми е јасно? Може и моето не е правилно, ама не дозволувам некој да ми се меша посебно за исхрана, особено ако не сум го прашала. И јас добивам некои коментари, за чај, за јајце и слично, ама одма и кажувам каде и е местото. Вампирка 70год, ќе правиме какп што било пред 40. Аман