Денес воведов праска ама преку готова кашичка на Хипп и не ја сакаше баш многу. Беше и малку киселка кашичката... Вчера бананата кога ја изблендирав за неполни 2 минути потемне кашичката... Утре ќе ги земам производите од BeOrg и ќе почнам на пареа да му готвам... Искрено едвај чекам...
Па дома сум, тоа се случува во рок од 15 мин кога морам да се истуширам, да спростирам алишта или да тркнам до маркет.
е баш бо време ручек/доручек тоа правиш? Или бабата едвај чека глава да свртиш! Се нервирам само што те читам.
Јас од 6+ по препорака од педијатар. Нас прв оброк ни е ручек и во сите каши ставам маслиново масло. Кога сум овде да прашам, како втор оброк подобро би било да воведам доручек или ужина? Нашата докторка очекува со 7 полни месеци да ги имаме воведено сите оброци а јас уште сум на еден
Јас втор воведов доручек, па вечера и веќе кога му се намалија дремките му воведов една ужина. Сега е скоро 11 месеци уште е така, ретко му давам втора ужина. Зошто докторката брза толку? Оваа кај што одиме ми рече дека е најважно до 9 месеци да има доручек, ужина и ручек (барем) заради идењето во градинка и мајката веќе да почне да се враќа во нормала со хормоните.
А зошто не го нахраниш пред да одиш каде било или пред да правиш што и да е? Ако е таква, туширај се, пери, оди каде и да е додека малиот спие и тогаш не ќе може да го храни.
Абе стално го бута. И да е јаден она му дава да проба, стрвно е малото и си јаде што и да му понудат. Она еднаш дневно му прави каша, јас другите две. А оброците му ги давам јас сите, и најаден е кога и го носам, ама она пак му дава. Не не, веќе не и го оставам, една недела има од како се испокарав со неа и сега и го носам ептен кратко еднаш на ден. На дистанца сме. Ама баба ко баба го бута. Секогаш го носам најаден. Дури и она кога спрема кашичка, јас му ја давам, никогаш не го хранела таа главен оброк. Онака му дава се живо.
И јас не би сакала да и го носам, ама главен виновник сум за се. Морам да држам некој баланс. Наскоро ќе тргне во градинка, ќе биде друго.
Ќе му го прошири желудникот не дај боже ради нејзин ќејф.Ако стварно немаш потреба од нејзе не и го носи гревота за детето ради атер на старите.
Едно треба да сфатиш, во 99% снаата е крива и не прави ништо правилно, ама баш тоа не треба да те спречи да воспитуваш и одгледуваш дете ТИ како сакаш. Не ме сфаќај погрешно, но ако самата не си ставиш граници, никој. Не знам како толерираш, искрено. Ќе му бута аха, нема со очи да го види. Затоа чувај сама дете, потешко, ама бар раат си.
Каков баланс вре жено, ти си мајка. Не нема да речам извини, ти си одговорна за своето дете, ти одлучуваш дали ке го гледа а не па да го рани све живо. Така да...
За јајцето требала да ти каже за да следиш реакција, но не е страшно. Според новите препораки може после 6м да се почне со јајце и алергени. Али за мед и сол да реагираш. Од читање претходно, сфатив дека тебе свеки не те слуша и си тера по нејзино. Јас на твое место има да го подберам мм и со клоци ќе го пратам да си ја прибере мајка му. И да не ми се враќа назад додека не ја реши ситуацијата. Уфф се напнав од читање само, не можам да замислам тебе како ти е
Кокосово масло од кога може и како да се даде? Зедов во тегличка во кам има органско кокосово масло па сакам да и дадам..
Изглеа јас не знам со меркиве... прв ден им дадов морков 3 лажички, втор ден 6, трет 10, после де префрлив на јаболко ама не идам пак по 3 туку по 12 лажички па 15 итн со се што внесувам само им зголемувам доза, не се враќам на 3 лажички... ужас сеа по 60 мл им давам храна па за саат млеко. Ама бутаат гајле немаат . Не знам, може грешка сум
Кокосово масло на возрасен не би препорачала, а камоли за бебе. Дури и за козметички цели е исфорсирано, а камоли за исхрана. На бебе освен маслиново ладно цедено, не би воведувала други масла. Тоа е мое мислење...