Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Женски
    Кога почнувавте со вкусови, секој ден ја зголемувавте дозата за да стигнете до оброк, или дававте по 1-2 лајчиња колку за проба? И дали дававте по неколку дена едно исто (пример 2-3 дена со ред јаболко па 2-3 дена морков) или секој ден различно?
    Педијатарот ми рече како ужинки да бидат сабајле меѓу 2 доења ама не ми кажа колку количина и дали да зголемувам. 4++ сме, планирам за недела-две да почнам со вкусови. И дали има некој листа од педијатар да постира со продукти што-кога се воведува?
     
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Пример даваш јаболко прв ден 2 3 лажички, втор 10 лажички, трет колку изеде не повеќе од 80гр 100гр. После тераш нов вкус
    Јаболко, круша, банана, кајсија, праска (овие две и не мораш ја не ги дадов ќе чекам лето ама како сакаш), слива, тиква, тиквичка, морков за почеток ти се таман
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ти речам да не даваш, има поквалитетни масла.
    Уште не сум вовела, 11 месеци ќе прави :?:
    Со бела пастрмка се почнува, се препорачува со речна, но кога прашував, ми рекоа дека сега немало таква и од рибници само. Не знам со што ги хранат по рибници, да не им даваат мртви риби :^) Мислам, можеби врска нема, но тоа ми се уврте не знам зошто.
    Јас би ја печела, но не знам каква би била на пареа, ај нека кажат другиве.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Не е ич тешко. Сама ми е дури полесно. Си го планирам времето, си играме, цел ден исполнет. Веќе една недела сум на дистанца. И го симнувам само навечер за да иде на ред работата. Пред тоа по цел ден бев јас со бебето кај неа бидејќи немаме греење, сега е топло и не одам ни кафе не пијам откако се скаравме. Договорени сме со ММ за да нема расправии јас посебно да си готвам и да се снаоѓам со бебе за да не ми префрла таа и да не бидам цел ден провоцирана и нервозна од неа. Ама сепак да идат на ред односите да не бидеме скарани, онака службено муабет и по малку да го гледа за да не пак му полни глава на Мм против мене..
    Така треба да биде, но не е. Не одлучувам јас ништо. И антибиотик сакаше да му даде таа кога се разболе, е во тоа ја спречив. За храната никој сериозно не ме сфаќа, затоа сега и кажав, јас сум алергична на одредени антибиотици, и не ризикувам да дадам антибиотик на бебе за обичен вирус, а уште помалку заради алергијата што може да ја појави. Ми вика ти дај му и ќе видиме, и објаснив дека алергија не е само осип, јас се имам угушено од амоксицилин на 4 годинки, не доаѓа предвид на бебе да дадам без реална потреба и без да е направен алерго тест. Сега за да не ми се меша поради тоа што ми помага се одвоив. Не дека претходно сакав нешто да ми помага, ама мм се лутеше дека сум била дива и сум претерувала во врска со неа.

    Јас само ако му ја спомнев мајка му имаше проблеми и караници. Беше забранил да му ја спомнувам. Е откако се случија некои работи се освести (не целосно) дека со сила не бива. Кај него пак јас сум крива и јас претерувам, ама барем веќе не ме тера да бидам фина со мајка му и да седам со неа и лицемерие да продавам. Јас не сум лицемер и затоа избиваа кавги и не успевав да истрпам. Ако и премолчев нејзе, караница со ММ, ако не му кажев него туку на неа, караница со неа и она одма му полнеше глава против мене.
     
    На SkarletOHara и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Дадов на точно 10 ипол, земав калифорниска пастрмка и на пареа ја правев. Многу беше убава.
     
    На Thallia и 0ли им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    За кокосово читав дека за бебнцава не е страшно. Баш дека има незаситени масти кои им требаат на бебињата. Ќе го најдам текстот и ќе го ставам
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ај баш прати кога ќе го најдеш зашто нема логика. Кокосовото има околу 10% незаситени масти, а маслиновото 90% затоа ми е многу пологично мастите да ги внесува со маслиново, семки, авокадо и сл.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А не викаше тоа да е доминантно, ама дека не е штетно за дечињата како за нас.
    јас не давам, чисто да се надоврзам на муабетот. Немам навика да земам во маркет.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.272
    Мајки од кога треба да се воведе 2 оброк? Ме интересира ние сме во 8ми месец и што давате за втор оброк јас сега сакам да почнам со кисело млекце, мевце..
    Па ме интересира дали наутро да му го давам да пробува или за ручек? Односно може ли ако се воведува нешто ново наутро да си појадува како и претходно?
    Фалаа однапред.
     
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Новото секогаш наутро се воведува т е. До 12 ч мислам беше. Инаку доручек е овошје со житарка ручек зеленчук.
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ти веќе треба да дадрш втор оброј :)
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Погрешно ли е ориз палента за ручек? Обично така давам а овошјето чисто
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ручек скробен зеленчук или житарка, месо и зеленчук.
    Воведување наутро поради можност од реакција.
    Втор оброк на 8 мислам дека дадов, трет на 9 и пол, а прва ужина на 10 и пол.
     
  14. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Чисто овошје не се смета како оброк. Ако имаш воведено компир батат тоа може да ти е основа за ручек
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    А кога сме кај ручекот, овие останатите грашок, боранија може да се даваат како основа, наместо компир/ориз? Пример за нас кога правам манџа тие си доминираат, останатото е додаден зеленчук
     
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Житарка некоја ставам ако давам грашок/боранија.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Имам многу малку комбинации за да давам така т.е. компир обичен, батат, тиква..другите не се скроб не можам секој ден тоа. Кои други се основи за ручек?
    Се важи на пример палента за доручек со овошје а ручек ориз и тиквичка? Или многу е?
     
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Компир, батат, тиква може да се основа како скроб и ќе ги ротираш или житарка може основа да е од тие што ги имаш воведено.
    На пример, палента доручек со овошје, а ручек тиква и зеленчук. Може и ориз или друга житарка, само да не е повеќе од 1 третина од вкупната количина.

    Или житарки за доручек и ротација, а за ручек скробните за основа и ротирање исто така.
     
    На Snowflake92 и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    19.109
    Фала ти Оли јас обратно правев од утре ќе почнам по овој редослед.
     
  20. Sky***

    Sky*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    49
    Јас давам наутро само овошје, без житарка. Кога воведовте жито со овошјето? И давам прво млеко, после 2ч од прилика овошје, после млеко пак, па ручек зеленчук. Е сега, откако воведов оброци малку млеко пие, макс 500- 600мл во 24ч, што е малку мислам на 5+++, нели? А вода и сок ни под разбо. Водата ја плука.