Не е грешка и на пример тиква за доручек со овошје, а ориз за ручек со зеленчук (и месо кога ќе воведеш). Или двапати житарка во денот, само на количината да внимаваш (1/3). Но подобро е според мене да е разновидно. Вишна на 8, капини на 10, малини уште не сум дала, а портокал планирам за скоро да дадам.
Овие ги имам дадено: тиквичка, морков, пашканат, тиква, батат, компир, брокула, карфиол, кромид, праз, боранија, грашок, спанаќ, целер, лук, прокељ, домати, цвекло, зелка, црвена леќа.
Мајки, ги земав производите од Be Org. Изгледаат убаво, иако крушите се тврди малку ама големи се и убави. Маж ми за морковите тврди дека нема шанса да се органски , ги познавал... Ќе најдам начин понатаму да проверам дали е стварно органско ова што земаме. Имам пријателка во Центар за јавно здравје па ако треба ќе платам да се провери присуство на пестициди и тешки метали...Порано мед проверував таму...Не сакам на сметка на моето 5-месечно бебе некој да заработува и да ме лаже ама пак ќе кажам ова е само хипотетички речено од моја страна, што не значи дека е точно... Инаку сум зела и пашканат, а сега во програмата читам дека е 6+, а моево е 5+. Дали да го замрзнам и како?
Вишни на 6м, другото на 8м. @Vojdana таквите проверки чинат мноооогу, сигурно над 200евра па и многу повеќе
@Vojdana Крушите остави ги малку да постојат, после неколку дена се помеки. Ако провериш нешто, пиши и тука. Пашканат лупен, сечен на парчиња и во замрзнувач.
Браќата негови, поточно моите девери имаат цела плантажа моркови и дајкони и ги снабдуваат сите големи маркети како Тинекс и Рамстор и затоа маж ми знае доста на оваа тема. Тој тврди дека морков што не е третиран со пестициди е целиот со дупчиња оштетен и недоразвиен... Можеби овие од BeOrg ги третираат морковите со некое средство на природна основа што ги брка штетниците во почвата...Поима немам искрено... Моркови мора да даваме на бебињата така да подобро од тука да земеме отколку од маркетите и пазарите кадешто со сигурност содржат отрови внатре. ..
Јас знам дека моркови по вкус се распознаваат. Тој во продавница е доста благ, ако е благ морковот значи е неоргански пробај баш да видиш дали ќе увидиш разлика на вкус
И јас исто мислев колку послатко толку подобро порано се така за нас купував. Пред некое време дознав дека е обратно Да едотирам ако си приметила јаболко норков кашичкитр хип/ фрутек баш го имаат тој киселкаст вкус и специфичен мирис има морковот А има и друг начин @Vojdana да се провери наместо по институти. Остави го морковот неколку дена внатре треба доста да омекне. Прсканиот не омекнува
Овие работи не сум ги знаела. Баш ќе ги пробам после да видам каков вкус имаат и ќе оставам еден на собна температура да стои неколку дена... Денес ќе му правам кашичка со морков, тиквичка и батат па се надевам ќе јаде...
Дали сменивте пробиотик кога почнавте со цврста храна? Бебето мое откако почна со вкусови ем поретко кака, ем многу малку, ем потврдо (последново очекував и знсев дека ќе биде). Дали има врска пробиотикот со видот на исхрана? Сум дала и круша и слива и нема промена никаква. Не покажува знаци на тегоби, се си е ок вака освен што не кака. Инаку е на доење. Добро напредува.
Искрено и мене производите на Бе-орг, воопшто не ми изгледаат органски. Еве кога ги спомна крушите, поголеми од дуњи, чисти светаат, ниту од црвче гризнати, нити ништо. Многу чудно . И све друго што порачав беше огромно, се чудам како пораснале толку, без никакво ѓубриво.