Јас да, го сменав земам сега на dr. Wolz и сум многу задоволна. Пред тоа користевме биогаја од раѓање па до 4м..послем сменав на овој и сум 100 пати позадоволна
Што давате за втора ужина? Малово втората ужина ако е млеко не го пие, а ако е банана, смоки, бисквити ќе ги јади и највероватно е време за да ја воведам
На др.Митров статија читав дека органските производи сепак се третираат со 20 дозволени пестициди, за разлика од обичните што ги имало 900. Мајка на дргарка моја одгледува компир и вади 200-300 кила, за разлика од роднина нејзин што вади по 2 тона, тоа се должи на кристално ѓубре што ставаат(а тоа е едно меѓу најштетните). Кај свекрва ми има дрво со вишна и искрено кога береме и миеме излегуваат доста црвчиња од нив, ама затоа не е прскана освен вода друго ништо не ставаме. Дури и јаболките Ресенски/Преспански по 15 пати најмалку се прскаат за да можат да никнат иначе јаболки нема да постојат во државава
Јас во проја ги воведов сончоглед, тиква и сусам ама не ги мелев. Ти можеш мелени во тестото да ги додадеш или да ја наросиш пројата со нив.
Додека пробуваме вкусови вода колку да му давам? Давам во шишенце по некока голта ама тој во шишето дури има што и да има ќе шмука, колку им е доволно на доење ако е?
Здраво мамички ,бебуш другата недела прави 4 месеци па планирам кога ке биде 4 ++ да почнеме со вкусови ке оди во градинка од август-септември па да имам воведено се што таму му даваат до тогаш па ми треба помош Со што почнавте кои производи можам да ги воведам дали сите што се пишани во бебе готвач за од 6+ може да се воведат од 4++ или за некои треба да почекам Ве молам просветлете ме ич не ми се јасни работиве
Мајки ние сме 4+++ и веќе имаме вкусено овошје, сега ни остана уште батат и брокула па ќе мешаме после. Матичната рече од 5 месеци може да и' давам и ориз, гриз и овесни снегулки, некој совет како да ги приготвам и со што се комбинират? Да напоменам вода ич не сака да пие, штом ја осети ја плука одма. А чајче и сок си пие. Дали да пробам со шприц да и' давам по малку?
Моето е 5+. На полни 4 месеци почна со пробување на вкусови. По совет од педијатарката се почнува со една намирница, насабајле и се дава три дена таа намирница. Следните три дена се дава друга намирница. Количината е по 10 лажички насабајле. Најдобро е три дена овошна, а три дена зеленчукова намирница. И така 2 недели. После две недели попладне треба да воведеш ручек од намирниците што ги вкусувал. Најдобро е да ги готвиш на пареа. Список на намирници има во програмата од мојата педијатарка, ја имам прикачено овде на темава некоја страна поназад... Почетни намирници ти се: јаболко, круша, тиквичка, морков, батат итн...Имаш во програмата...
Зошто давате сок? Ке пропие вода скоро сите деца не пијат на почеток. Според мене мало е за овесни и гриз, ама можеш да мешаш со овошје.