А добро, која е причината што педијатри препорачуваат сокови да се дава? Кое им е објаснувањето кога ќе ви речат дајте сок?
Знаеш шо објаснување добив, може да не прифати одма кашеста форма затоа подобро сок Се приметува дека сменив педијатар нели. И нормално не дадов сок, еве 17м е пие само вода.
Жално е шо има вакви доктори. Не беше фан на каши ама реално и не беше спремна од коа почнав да давам парченца и да се водам на некој начин според blw дете јаде се. Од 8м јаде сама еве сега е 17м користи и прибор, не секогаш ама знае. Јас мислам најбитно од се е да следи детето али коа ти е прво и добиваш вакви одговори многу е збунувачки.
Старите педијатри прво викаат со сокчиња да се почне наместо со каши.А уствари тоа е жива глупост дете ако јаде секако ќе пројаде прво потечни кашите, после погусти итн.Ама ова се ЈНА педијатри од такви што подалеку.
Мајки ако ви треба во Тинекс деликатесен ( за другите не знам) има: органски јаболки,компир, круши, манго, морков беби, спанаќ...
Полека ама сигурно му воведувам оброк на Војдан. Денес мислам дека ручекот му беше солиден...Му зготвив на пареа парче батат, едно мало морковче и парче тиквица. Кашичката си ја изеде цела и сега се прашувам некои работи: значи он изеде околу 120 грама кашичка, а да му давав уште ќе јадеше и немам сега ориентација дали му е доволно или па премногу му е...Вашите на 5+месеци по колку грама јадат оброк? Бататот и тиквичката што останаа пола, ги завиткав во најлонска фолија и ги ставив во пластичната корпа доле во фрижидер...Не знам и ова дали е исправно што го правам...
@Vojdana доволно му е како за бебе кое има еден оброк и е на почеток на дохрана. Кога ќе има повеќе оброци ќе зголемуваш на количина, да не му дојде нагло многу јадење.Додека да стигне информацијата до мозокот дека е сит му треба малце време. Ние на 9ти правиме 5 месеци и засега му давам по 10тина лажички наутро.Денеска еве батат јадеше, му се допадна. На 5 месеци ќе му воведам оброк од 120 гр.
Повеќе кашички употребувате куповни или свежо? Кои се ОК кашички зеленчук, месо и млечни производи? За патување ми треба
На пареа готвиш во посебен готвач за пареа или на обично тенџере полно со вода ставаш уште еден сад во кој го ставаш тоа што го вариш? Малку може глупо прашањево, ама единствено нешто што сум правела на пареа од јадење, е топење чоколадо незнам дали ќе треба да купувам нешто посебно за да готвам за бебе...Јас мислев пример јаболко се пече во рерна или се вари во вода, и така се дава...
За патување и јас земам кашички, од ДМ од Био, од Бејбилав, Има од Хип, Холе. Зависи кои работи се воведени и каков состав ти одговара да дадеш. По пат го хранам со каша. Сите ги јаде, нема за бебе одвратни каши.
Можеш и да ги динсташ во тенџере поклопени со капак, во малку вода, а јаболкото и печено е многу вкусно. Јас имам готвач на пареа за кој не бев во план да го купам. Излеговме со маж ми по блендер и таму го начекавме готвачот на пареа од Тефал на акција беше за 1600 ден и го купивме заедно со обичен блендер од Бош...И доста сум задоволна, за 2800 ден имам готвач на пареа и блендер. Убаво се готват овошјето и зеленчукот во апаратот и има посебен мал сад за ориз ... Ако си во можност земи си го, али пак ќе кажам можеш и во тенџерче со малку водичка и поклопено со капак да ја динсташ храната на ниска темперарура... Најважно е намирниците да се квалитетни и стварно да се органски...
@NovusOrdoSeclorum мојата од зеленчуковите само од холле ги јади... Компир, тиква, тиквица... Тиква со пилешко.... Компир, спанаќ.... Брокула, ориз