Ич не се замарај. Терај си ти како што си мислиш. Јас со мајка ми лом се направивме за таа дохрана, вода, сокови, воспитување на бебе и слично. Знаат да се напорни, особено со изреката - јас тебе те изгледав, што ти фали...
Јас па заради тоа уште не воведов амарант, прочитав дека може да има траги од соја и кикирики Киноата до која возраст ја блендирате? Грозјето како го давате, што правите со семките?
Жени, ние сме 7,5 накај 8 месеци. Овошје имам воведено, јаде... Зеленчук давам ама некако не е баш задоволна... Некоја идеја за интересна зеленчукова кашичка? Од житарки имам дадено просо и киноа. Ич не сум спремна за житарките... Ве молам за совет за житарки, од кои да земам, како да ги подготвам... Некако не сакам многу бебешки брендови, повеќе би сакала да одам во продавница за здрава храна и да земам и да сомелам ако треба... Не знам зошто вака си мислам, може грешам... Како почнавте вие со житарки? Ви благодарам за искуствата.
Истава мака ја имав и јас,секој ден муабетот беше дека бебето мора од прв ден вода да пие и цуцлата во мед да ја брцкам .Ама јас реков не,вода а ни чај а ни мед нема да пие до 6 месеци затоа што имав мајчино млеко за извоз а и фала му на Бога немаше грчеви а сита беше секогаш од моето млекце и навистина испадна дека нема потреба од вода и чај. Затоа мајка уживај си со бебето и како ти вика срцето и умот така прави си.Кажи еднаш не и точка,ќе викаат бабите па ќе им здосади и ќе престанат.Најдобро ти знаеш што е добро за твоето бебе,ти и никој друг.
jas kupuvam od bio kosmos i ne pisuva za nikakvi tragi od drugo tuku stoi 100% kinoa proso amarant oves.... kako kaetana i jas kupuvam od prodavnici za zdrava hrana i po moznost organski.
Неможам некоја убава комбинација да ти предложам зашто уште сте мали, малку намирници смеете и со тоа кашите сеуште ви се безвкусни, единствено како совет е да користиш кромидче или лукче, ќерка ми само така ми ги јадеше. Од идниот месец можеш и по малце путерче да ставаш, тоа им дава шмек. Убава комбинација е на пример просо со тиквица, кромид и морков. Од житарки можеш полека све да воведуваш, почни со палента во комбинација со овошје, па од следниот месец ќе можеш да ја комбинираш со несолено сирење/урда и кисело млеко. После можеш ориз, гриз, овесни снегулки, пченични, ржани, јачменови...Ги имаш во еден куп облици: цело зрно, снегулки, експандирани, само трици... Има една одлична група на фб -Zdrava hrana za nase bebe- во фајловите имаат толку корисни информации, ќе ти биде полесно за се во врска со дохраната. Еден од фајловите е и како се спремаат секоја житарица поединечно. Но не е фрка и да си прашуваш тука кога имаш некое конкретно пра Едит: житариците се најубави на Алнатура од Дм и тие на Даверт од Биокулт, но нешто што ми е скапо или го нема, го купувам од Биокосмос од фирмите Натура или Виталиа. Тие на рефус се со непознато потекло и квалитет.
Случајно се погоди на амарантот што го купив, затоа не го дадов. Иначе, нормално дека и јас ги купувам тие што се 100%, од здрава храна, само ова ми промашило некако, а не проверив дали има друг. Овде биокосмос немам Ќе каже некој за грозјето и киноата?
Мајки каков путер користите и што воведовте во 9 месец. Ние утре одиме на одмор па да си знам за кога ќе се вратиме.
Да, знам дека е алерген и затоа покасно се дава, искрено мислев дека е 12+, ама чим можам од сега, супер Сака кисели вкусови, мислам дека ќе му се допаѓа Варен како и другиот зеленечук, така? Со лушпа или без? Извини на прашањава @joy1
Да поголема ефикасност има кога се вари бидејки тогаш испушта ликопен.Исто и морковот е мн покорисен кога е обарен отколку сиров. Го варам со лушпа кратко и после мн лесно самата се вади Им дава шмек на кашите