Во Техномаркет што е во Супер Тинекс карши Бриколаж ама верувам дека во сите Техномаркет продавници го има апаратов...
Ај да прашам во колку саат им давате ручек? Моиве пијат млеко во 9 па 12 па 3, и сеа кога почнаа со вкусови им давам кашичка наместо тоа млеко во 12. Не знам што доаѓа тоа, доручек или ручек? Мислев откако ќе ги пројдат сите вкусови и почнам да комбинирам тоа да им го давам во 3 наместо 12, а пак да си пијат млеко во 12
Ке гледаш по бебе. Ние на пример стануваме во 7 ама за 1.5час пак презаспива, што значи накај 10-11 давам доручек, после кај 2-3 ручек, а некад и 4 ме фаќа, се зависно кога ми цица меѓу оброците
Стандард мерка ми е мала кашичка 125гр - 130гр. Сега чекам да отидам на контрола па да прашам кога треба да зголемам. Ти воведе втор оброк? По ова што читам некои мн покасно вовеле, па малце страв ме фати да не брзам, ама така ми кажа педијатарот
Па на педијатар ми кажаа мене да терам така оброк треба да е 200гр да го делам на 2 пати 100гр појадок 100гр ручек. И гледам добро му е. Мислев малку да не давам ама штом така и ти правиш добро
Денеска му правев палента и му дадов со кисело млекце но нешто не ја сакаше а оној ден без ништо ја јадеше сигурно е заради млеко друга идеја за воведување на млеко?
Ние сега сме 4м по препорака од педијатар треба да почнеме со пробување вкусови, може да ми објасни некој кога воведовте мислам пред млеко после млеко по сабаље на вечер , и колку , извинете на долгиот пост !
Извини да те прашам не ми е јасно како ви предлагаат педијатри дека треба да почнете со вкусови а ништо не ти кажува ни како ни колку? Што ти вика само почни со вкусови? Ај и да ти одговорам се почнува со јаболко,круша, слива,тиква, тиквичка, морков. Сабајле станува пие млеко после 2ч му даваш да проба ( да е до 12ч напладне најдоцна поради алергиски реакции) : прв ден 2-3лажички, втор ден 10 лаж трет ден 80-100гр не повеќе. Потоа одиш следна намирница. Расчитај ја темава наназад ќе најдеш многу информации. Најди го постот од Војдана има ставено прирачник со објаснување
Мајки, свекрва ми варела телешко во тегле само со маслиново, а горе покриено со едно ливче ловоров лист. Се мислам дали да дадам? И дали имате користено за бебе полуподготовен ориз (кесичката се вари само во вода 15тина мин) к ако на сликата?
Ист случај и кај нас, вчера на преглед го носам ми вика можеш да почнеш со вкусови и викам табела некоја, вика нема потреба од тоа се знае со што да се почне јаболко, морков, тиквица... Јас 10 деца изгледав па знам со што да почнам. Има разлика од педијатар до педијатар. Секако дека ќе читам и ќе се консултирам со блиски или на форум, ама па ништо да не објасни. На ум сме со мм да ја смениме.
И јас бев паника како тебе, ама додека не почнеш нема да ти се разјасни. Има табела на хип, има една убава книга, ја најдов на темава. Колку месеци ти е бебе?