Со житарка и кое било овошје за доручек, сум немала проблем да ја одбива. Некои ставаат палента и банана за да не ја осеќа жолчката.
Да, ама најчесто со банана и палента. Може со круша, јаболко. А за ручек имам давано со тиква, батат+тиквица, јогурт/кисело млеко+палента (и урда некогаш).
Ми нема никаква логика ова го пишува само на сокчињата, а кашите? Конкретно ете ноќната што е со јаболко,бисквити и млеко ништо не пишув з кариесот
Мајки, во програмов од педијатарката ми пишува дека смее и авокадо и брокула на оваа возраст (5++)...Вие дали воведовте, посебно за авокадото ме интересира, како го давате и дали има зрели авокада по големиве маркети? Не сум земала авокадо за мене, не можам вкусот да му го поднесам...
Јас така ја воведов, но некои и во две недели да воведуваат. На пример, во понеделник 1/8, во четврток 1/4, во понеделник 1/2, во четврток цела. Брокула на 6 дадов, авокадо подоцна - на 9. Некои воведуваат порано, зависи кој совет ќе одлучиш да го прифатиш. Ако не најдеш зрело во маркет, стави го меѓу јаболка во чинија и ќе созрее. Не се чува во фрижидер. Може да комбинираш и со овошје и со зеленчук, понеутрален вкус има и може и така и така. Едит. Ако ставаш во ручек, не се става масло бидејќи авокадото има маснотии. Максимум 1/4 се дава.
Брокула во 6месец воведов, а авокадо сеуште немам дадено, а сме 6++, и ќе почекам сигурно најмалку до 7месец
Па што знам, мислев покасно дека мн масти има, а и педијатарот не ми спомнал, ама чим може ќе го воведам
Мене они за карфиол брокула ми рекоа од 7+ сепак почнав од 6+ Батат не ми спомнаа кажав давам и ок..така да и јас авокадо ќе воведам кај и да е
Да не има врска со пиењето од цуцла? Нешто на сокчињата пишуваше демек да се испие наеднаш да не се користи како залажување ... така ми дојде во мисла не сум сигурна како имаа напишано на хипот