Исто и мене не ми спомнаа, а па ми рече за блитва, во бебе готвач таа е па од 7месец. Искрено воведов мн плус од тоа што ми кажаа
Мене па не само ориз компир палента не ми ни спомнаа да биде безглутенска, а тебе? Иако јас терам без глутен
Мене Виктор ми рече да дадам ориз, палента, просо, брокула, блитва ама да пазам на последниве 2 за алергии. За глутен ништо не ми спомна ама муабеѕов беше по тел на кратко. Следна недела ќе идам на контрола, ќе го распрашам убаво и ќе ти кажам
Едно глупаво прашање во каква вода ги варите овошјето и зеленчукот од чешма или купечка п.с од утре почнуваме со вкусови... па тоа ми е прва дилема
Јас почнав со купечка,терав еден месец така,сега од чешма користам И сметам дека грешев што варев со купечка
Мајки, денес на Војдан му правев парче батат, тиквичка и морковче на пареа ама некако бататот не ми омекна убаво внатре. Го готвев 30 минути на пареа и кога го изблендирав со тиквичката и морковот дојде супер кремаста кашичка... Вие колку време го готвите бататот? Можда требаше уште 10 минути да го готвам, немам памет веќе... Сега се плашам да не го боли стомачето...
Да, јас воведов на 5+ меѓу првите намирници. Давав со банана на почеток, кога воведов просо пробав и со него ама не јаде никако просо па го давам со овошје. Можеш и со зеленчук, инаку и јас секогаш кога ги купувам се тврди па чекам да омекнат. Немам сретнато зрело, многу ретко. Кога живеев во Австралија па не се наоѓаше тврдо, се зрели беа за кога ќе пораснат многу здрав и брз избалансиран доручек или ручек може намаз од авокадо во комбинација со јајце и лебче.
Јас батат, компир и моркови варам додека не омекнат. Инаку текстурата им е таква на тие, секогаш имам кремаста каша кога е со компир. Не значи дека не ти е готвено доволно
Јас со вода од чешма не ми ни текнало со купечка да варам, секако водата врие мин 15 мин, не гледам проблем ни па бебето покажало реакција.
Јас со купечка зошто бела е водата кај нас скоро еднаш вриев шишиња и си ги фрлив после не можев да ги измијам пак цели беа бели
Вишни купив замрзнати и ги варев. Се што немам миено јас, го варам. Спанаќот под 1 година се дава обавезно варен, ама јас искрено на синко не би му дала свеж додека сам не си купи нешто со свеж спанаќ
Здраво мајки, ме интересира ориз и овесни снегулки како ги подготвувате и кога дадовте? Исто така корен од целер кога би можело во комбинација со тиквичка и компир варен и избленидиран (би додала и маслиново масло и малку кромитче).
Ориз од 6 овесни од 7 месеци. Во секаква комбинација ги мешам, ориз и за доручек и ручек овесните најчесто доручек и вечера. Маслиново користам од старт да кажам а путер од малку подоцна. Целер на 7,5 м воведов.