Napraviv kasicka so pilesko i zelencuk no bebe ne saka da jade sega, dali mozam da ja ponudam za eden cas i dali na sobna tem da stoi ili vo frizider?
Што мислите кои круши се подобри за бебе? Мајка ми купила 2 врсти не знаела од кои да земе па зела од 2те..
@Maja92@ и дадов тогаш сум заборавила да пишам. Корн на хип во кутија измешав со кашичка од слива,не и се појави ништо . Од зеленчукови купени исто ништо не се појавува.... После пробав купечка јаболко круша да ја измешам со банана исто ништо не се појави. Единствено на сите читам лимонов сок дека имаат,дали од него и се прави така !? Ќе се консултирам со педијатар ...
Јас прекинав да му давам каши на коишто пишува дека има сок од лимон. Од нив се зацрвенуваше во обравчињата.
Веројатно до тоа е ,мајка ми ми вика стави во лажичка неколку капки лимон и малце водичка да пробаш,ама ми е страв. Општо купечки избегнувам ,гледам да дадам домашно ,освен тоа што мора. А пилешко какво давате ,од каде ?
Како сакаш, јас уште не сум дала лимон. Од цитрусни сега со страв воведов портокал со шмукалче. Купечки вака за воведување понекогаш или кога патуваме, друго дома му правам. Пилешко домашно, побарај од некого ако можеш домашно петле. Инаку купечко пилешко подоцна се дава.
Цитрусни што е до мене после година ќе и дадам пусти страв. А домашно не можам да најдам ,кашички со пилешко гледам 6+ може такво ?
Па мислам дека може, пишуваа тука дека даваат. Има и на Холе тегличка со пилешко, но не е чисто месо, мислам дека скроб има.
Да , на тоа реагира , на киселините од овошките во кашите Кога е измешано со житарка не се осеќа толку и не појавува, ако и ја дадам чиста кушечка каша од овошје само појавува црвено кај очињата. Исто и кај малава , ист случај
Ај да прашам за малини, сакам прв пат да дадам па дали да ги варам (колку време) и колку да ставам парчиња ?
Би ги сварила малку, кратко, можеби 5 мин. Планирам првиот ден да ставам 2-3. Ќе ни кажат другиве како правеле.
Јас пред 5 дена и воведов малина. Ги варам околу 2-3 минути...се распаѓаат инаку повеќе време и ја губат бојата пребрзо во варењето. Првиот пат и ставив три, а сега кога и ставам во каша по 5 ставам и капини и боровници исто така. Сега рибизла воведуваме 2 ден утре Инаку за ручек кога давам зеленчук мака мачам со количината, се малку ми излегува, а ќере јади од кашите 190гр некогаш и повеќе.. Не знам што и да ставам малце ми излегува освен кога давам и месо е ок..
Црна рибизла од компот дадов, капина од каша купечка мешавина со друго овошје а малина свежа замрзната ја ставив само во топла вода и така со овошје ама многу малку по 1 до 2.Ги воведов пред 9м.
Во зовриена вода 2/3мин, јас ги испасирав и му ги намачкав на палачинка. Една шака ставив, со тоа што он јаде парчиња и секако не му стига се во уста, нешто паѓа и доле. Ама секако малините се ретки алергени и ако немате во фамилија нема зашто да се плашиш.