Планирам да ги сварам малку и малините како и капините. Зедов и готова каша, но имам и замрзнати. Да. По маркети не сум видела нелупено.
Му понудив после година, тогаш беше и направен ајварот ама не сакаше. Од тогаш не ми текнало пак да го прашам дали сака Сезона им беше на малините,па му дадов свежи за ужинка. Му правев и смути со други овошја.
Мајки дајте памет. Почнав со дохрана на 5,5 месеци. Од јаболко,круша,слива се исфрла бебе на лицето му се појавуваат 2 црвени точки и црвенило под очи. Напраив 10 дена пауза. Почнав со дохрана пак, иста песна. Само од компир не му се појавува ништо. Значи на 3 лажица излага црвенилото. Многу се плашам има 6,5 месеци,а со храната абер немаме.
Мене кога малиот ми појави алергија на банана (на 4ипол месеци) ми рекоа на 8м да пробам пак да дадам. Види дали да ги скокнеш овие и да пробуваш со зеленчукот? Да не е од самата киселкост што ја содржат? Банана, авокадо, брокула?имаш нешто такво дадено?
од тиквица исто.Со другиве уште абер немам, се давам по 4 дена од страв. @Milkiway каква реакција имаше со алергијата? Авокадото ми рекоа на 10 месеци да го давам. Компир, морков,тиквица,јаболко,крушка,кајсија и слива проба до сега. Само од компирот ништо, од све друго се појавува. Доктори повеќе консултирани ми велат многу е бел и сензитивен поради тоа. Јас умирам од страв. Не знам веќе што да правам, а му се јаде,крупен е и млекото не го најадува.
И мојов е многу бел црвени кругови му се појавија од бананата по телото. И уште знае да се вцрвенува по мешето ми рекоа дека од самата промена бидејќи јаде цврста храна, а е многу бел му се прави такво црвенило. Го мачкам со фризидерм крема се исчисти нема веќе. Ова го приметив морков кога јаде дека му се прави го избегавам пречесто.
Пробај со тиква и батат. Блага алергија на нешто има, ама не знам кое е нзс на се што имаш дадено. Со тек на време ќе ја снема. Кај ќерка ми ја снема на спанаќ. Модар патлиџан ќе и дадам сега сезонава. До лани уште реагираше така.
На моето цело време му се појавуваат три точки црвени на челото и млеко кога пие некогаш и тогаш му се прави.Му спомнав на педијатарот не обрна внимание некое за да треба да престанам.Нели има опција да го испиташ да не е алергичен на фруктоза?
Нема такво нешто, а не би било само фруктоза еве тиквици е само вода па и од неа реакција. Абе да не си ми во кожа.
Да не е алергичен на пестицидите? Не би требало на се да е алергичен, многу мал број во светот се случува да се алергични на храна.
Мајки, полека ама сигурно јас воведов оброк попладне. Војдан јаде околу 120 грама кашичка секој ден. Омилена му е јаболко со круша, па после и батат со тиквичка и морков. Денес најдовме тиква и му направив тиква и јаболко на пареа и после ставив малку банана и изблендирав и си изеде околу 120 гр. Сакав да прашам за оризот бидејќи гледам е дозволен на 5 месеци, какво е вашето искуство? Вчера гледав ориз на Хипп и се прашував дали да го купам и да го давам како чиста оризова каша со млеко или да ја помешам со морковче или батат ? Или да почекам да го давам во ноќните каши понатаму? Гледам има и органски ориз се продава во големите маркети...
Леќа давам во ден кога нема месо. Мешунките се богати со протеини и не ги комбинирам со месо засега. Може леќа, житарка, зеленчук.
^Каква леќа давате? Ако може и слика И комбинации со блитва, ние не јадеме па не знам со што да ја комбинирам (9++ е)