Јас давам после дремка, значи некаде помеѓу 10 - 11ч, инаку не беше гладна и не ми јадеше, а ручекот околу 14-15ч. Среќа што ти јаде зеленчук, мојата вришти, плаче, се трга со главата и хаос сме додека ја изеде, а дај и овошје јаде
Банана и тиква не заедно, затоа запек ти направило. Секогаш давај нешто што дава цврта столица со нешто што ја омекнува. На пример, круша, слива, тиквица тие ти се омекнувачи. Имаш на ДМ кашичка слива со јаболко и слива со крушка, зависно што си вовела, дај му ќе го протера. Ние немаме проблем и по 3 пати кака, може таков и е метаболизамот а може и храната ја протерува, ама секад внимавам да има некои од состојкиве
Да зеленчук со сласт јаде, отвара уста без проблем. За овошјето како запечатена и е едвај по 50 гр. ама дека почеток и не настојувам многу. Ако ручекот ти е во 15, ужина во колку ќе даваш? Прашувам бидејќи јас и за син ми и сега одам по нашиот распоред на јадење. Доручек 8-9, ручек 12-13, ужина накај 16 и вечера 19. Треба да сменам нешто?
Па нз и јас тоа мислев, ама ќе ги помедтам, чим станеме кај 7-8 да и дадам доручек место цицање. Би требало и цицањето да се намали, и да давам ужинка.
Еве ја од 4 уште спие мојава на гурање јаде Ај сабајле и така и така. До 120 ретко, ама ручекот до кај 60 максимум е. Ништо не и се бендисува
Моево од сладок компир(со вкус на тиква) кака убаво,содржи влакна и баш убаво делува на столицата Слива некако не ни помага Ако сте вовеле сладок компир пробајтесо тоа
Девојки, ова ли е гризот што го земате од ДМ? Како го спремате ама детално упатство ? Во 100мл врела вода ставате 1 лажица гриз и мешате толку?
Се гледа дека поим си немам од гриз , ми нудеше продавачката некој гриз ама пишуваше од крупни и не бев сигурна дека е тоа тоа..
6+++ сме на еден оброк и доење. Дали ако несака да ја јаде кашата која ја пробува да и нудам друга за да се најаде?
Слабо ги јаде зеленчуковите, денес прв пат кромид со просо и брокула, дури и се гадеше . Неколку лажички само и толку. Гладна беше ја приметив на 2 саати сакаше да цица. Ќе морам алтернатива да спремам значи..
Пробај брокулата да ја даваш со батат или морков и малце кромид така ќе ти ја сака батат со тиквичка,морков и карфиол,морков и јаболка малце,пробај вака.Мене готовите не ми ги јаде одма ги повраќа, а домашните ги обожава.Ако крајно не ти гги сака пробај малце со к.млеко на алпско стави.
Ги гледав оние на хип и холе кашите житарки за 6 месеци имаат глутен ама некако рано ми се виде за глутен