Па не е лош вкусот, од бебе готвачот е комбинацијава. Лукче не сме пробале уште. Иначе денес компир, тиквичка, брокула и кромид, проба неколку лажички и после почна да не отвара уста. И ставив банана и пројаде . Многу егзотична комбинација искочи
Најдов во Тинекс чаша пластична со мерица на неа и рачка и точно знам колку кашичка ми јаде детето... Е сега внатре во неа блендирам директно и вчера видов дека се изгребала малку од сечилата на блендерот... Дали е можно во кашичките да останувало пластика и да сум му давала да јаде така?
^ Јас 2 дена давав,комбинирано со овошје. Имам купено свежи модри сливи.Дали да му дадам да проба од нив(сварени) или да варам суви сливи па да ги блиндирам? Едните имаат хемикалии дека не се сезонски, а другите содржат шеќер.
Ако е од купечките житарки од хип холе слични ич. А ако е домашна каша од овес просо и слично ваљда може а колку не знам
Можеда дадеш Семолина што е 4+, таа е оризов гриз и не треба оосебно воведување. Ако е Семолина 6+, треба да воведеш бидејќи е пченичен гриз.
Тоа е ориз. Ориз си е ориз! а зошто го викате семолина?? Тоа е гриз од ориз. Има гриз од крупник (спелта), пчееничен гриз и сл..
Се напнав со ова. Гп пратив мм да купи, на холето пишува пченичен и демек немале од ориз. Само хип. Точно е?
Мајки станав досадна со оризот...Значи денес ќе го воведувам за прв пат оризот на Хипп (не Семолината) и сакам да прашам како за прв пат, како да го подготвам...Да му ставам ли во зеленчук (пример морков и тиквичка на пареа) и внатре директно ли ставате од оризот или претходно го спремате со вода топла па ставате во зеленчукот..?