Блитва и спанаќ од кога почнавте? Зборувам за домашно од дворче на мајка.. 6м и 2 нед сме.. Ручкаме од 5, неделава и ручече и воведувам, зеленчуков не ни оди нај нај, морам ради слабо пиење на млекце. На мени житарици и овошје за појадок, а скробен зеленчук со останат зеленчук ручече, недела има и домашно петле на мени . Што друго да понудам на оваа возраст, две недели како да вртам во круг? Воведени компир,батат,тиква,тиквица,морков,пашканат,карфиол, брокула, јаболко,круша,банана, праска,кајсија и слива од теглички на хип, маслиново м, житарки просо,овес,ориз,пченка т.е палента и гриз од пченица, чудно на спелтата ми изреагира со пролив на пченицава не. И што мислите за јогуртот и км на кораб трница, го дава некоја, да правам избор кога ке дојдат на ред и тие. Плус искочи едно забче вчера иде и друго млеко несака да помириса деновиве, само кашичка лудница.
Што им значи махуне, кога махунарките ги навеле за над 9 месеци,да ме мислат на боранија само. А риба можам од 7? Проверена пастрмка директ од рибник на блиски? Со поголемото не ја мислев толку, сигурно и мусака јадело со бабите на 7 м почнав со работа
Тука читав од 7+ се внесува глутен, гледам во бебе готвач од 8+ е овес затоа викам не ми е јасно од кога.
Бебе готвач е апла аутдејтед. Новите препораки се дека алергени, глутен, јајце се даваат што порано да се избегнат проблеми. За мене оваа хрватската група е супер за насоки.
Нз дали си видела, според хрватската група на 7 месеци треба да се воведе 2 оброк и да се стигне до 180гр. Не знам кај избрзав јас со 2 оброк, ама ај го слушав педијатарот. Инаку да, истото мислење го дела, многу е добра и корисна таа група, и рецепти и препораки топ има.
полека, полека ќе биде знаеш што си помислив (заради искуство со ќерче) а да не реагира на пестицидите од овошје/зеленчук. Да пробаш подлабоко да ги купиш работите дома што ги готвиш? нешто не сум сфатила. Они не се за 2 оброк на 7ми месец. Дури 2 месеца по прв. Ај прати ми скрин. Кој знае што сум гледала
- U dobi od 7 mjeseci većini dojenčadi dovoljan je i dalje jedan obrok, no pratite dijete i ravnajte se prema njemu. Sad možete polagano uvoditi drugi obrok. U dobi od 8 mjeseci dijete bi trebalo imati minimalno dva kruta obroka. Svaki cca 150-180ml. Jedan bi obrok bi trebao sadržavati voće sa žitaricama, a drugi povrće s mesom/ribom/jajem i mahunarkama. Значи во 8ми да има 2 а во 7ми да почне со воведување на 2оброк. Моја грешка. А ние сега имаме 2, а во 8ми месец колку, 10?
Моево е лакомо бебе. Уште од старт си јадеше убаво и да одбие нешто, по одредено време ќе му се засвиѓа. Не сум се водела по совети од лекари и групи туку по детето. На 6 месеци имаше ручек, на 7м доручек и ручек и на 8 месеци три оброци. Од 9 месеци воведов и една ужина и еве го уште е така. За втора ужина нема време зашто има 2 дремки. Претпоставувам после година кога ќе спие еднаш дневно ќе му воведам втора ужина. Гледај си го бебето колку му се јаде, сигурно нема гладно да седи особено ако напредува брзо.
Ориз не може ли обичен да се воведе? Мора да купам специјален бебешки од тие на Хип/Холе или можам и обичен? Не ми се смејте за прашањава, ептен сум изгубен германец да не згрешам нешто. Плус сум човек што не е баш спретен во кујна Утре планирам да проба тиква печена, како втора намирница после јаболкото. Да ја мешам со млеко молзено или со вода?
Чим не си кулинарски експерт давај ориз на хип/холе, ем се наменети за бебиња, ем лесно се приготвува. Печена тиква изблендирај ја со многу малце вода зошто и онака кашеста текстура има печена/варена тиква
Јас нњ би било каков ориз за бебе и прва храна. Не дека не може, ама оризот има доста арсен. Ако најдеш био во ДМ или Тинекс, земи од таму и терај со таков
Немаат сите по 300ден за ориз да дадат @Lovebug01 има и обичен мелен ориз,таков даваат во градинка. Види по маркетиве кај имаџ јас немам купувано. Инаку јас дадов една кутија хип или холе а после продолжив со обичниот ние што го јадеме. За тиквата мешај со млеко да му биде познат вкусот