па јас на бебе од 6 месеци не би дала ориз за кој ризик од арсен е голем. И да е 300 денари тоа долго ќе трае, сепак оризот набабрува со вода. Овој во ДМ сигурно не е 300.
Можеш обичен нормално. Измиј го убаво, стави го во вода да стои барем 20мин, исплакни и стави да се вари. За брзо е готов околу 20мин му треба. Тиквата со вода мешај ја.
Мое мислење е да започнеш со оризот на Хипп или Холе. Еве јас вчера за прв пат дадов, а денес пак ќе дадам...Една кутија ориз е околу 160 ден мислам и има 200 грама што значи долго ќе се користи...Вчера ставив 7 грама ориз негде во 50 мл вода... Инаку видов органски ориз во Лиса во Тинексот,а сигурно и на други места има така да планирам во иднина и таков да дадам и да го блендирам... Туку се прашувам за Семолинава- гледам состав на оваа на Хипп и пишува дека има и пченкарен гриз внатре покрај оризовиот и не знам дали директно во оброк да ја дадам и колку пати неделно воопшто вакви житни каши се даваат...?
Малку постар ти е постов, врткав низ темава за балансирање на оброк. Барав на нет, низ рецептите никаде не стојат овие односи колку со колку да ги правиш за да биде оброкот избалансиран. Да не имаш случајно некои статии/прирачници да споделиш по кои си се водела?
Пишуваа дека иако е без глутен, не се препорачува да се дава рано. Не ми текнува поради која состојка, побарај го мислењето на @dunika за поточно, па одлучи дали ќе дадеш. Ориз почнав со кутија од Холе, не ми се даваше обичен додека е толку мал поради арсен. Понатаму дадов обичен, па сега сакав кочански да земам, но се премислив и Био од ДМ зедов. Не ми текнува колку беше, но не е 300 денари и ептен долго трае, само за него ќе го користам. Една препорака за мајките што допрва ќе даваат цврста храна. Сосема е океј да користите обични работи ако сакате да дадете, но прво информирајте се што е корисно, а што е штетно во врска со одредена намирница. На пример, еве ориз. Сакате да дадете обичен? Океј, но прво прочитајте што може да содржи и сл. Не мора да е ориз, нека е киноа, амарант, спелта и да не набројувам. Ако некоја дала, не значи дека и вие треба, а и обратно, ако не дава некоја, не мора и вие. Сè си одлучуваме сами, се разбира. Еве @kukla21 напиша дека има опасност од арсен. Другите што дале обичен ориз, не мора да се правдаат зошто дале или нешто да се лутат. Сите даваме тоа што сме одлучиле и океј е. За мене е доволно информацијата што ја споделил некој за да се распрашам, да прочитам за тоа, да ја проверам на некој начин информацијата, па после е моја работа дали ќе дадам обичен или био. Не го пишувам ова за да се пронаоѓа некоја како нешто лошо да е, општо како препорака и совет, не се лутете.
Да се надоврзам, оризот на ДМ мислам го земав меѓу 110-150ден ама мислам за бебе ќе трае и ќе трае. Браво за постов
Има опасност од арсен, но опасност од арсен има и во зелените салати и други зеленчуци и морски плодови ама никој не го спомнува тоа. Оваа информација со арсенот само се пренесува, а не се дава некое конкретно решение. Ако има големо загадување со арсен зошто и ние јадеме? Нели треба да прекинеме? Факт е дека и почвата и водата се загадени, еве се трудиме колку можеме домашно да најдеме, органско итн, но јас мислам дека се претерува. Ок, ќе го спасиш детето од нешто ама ќе го изложиш на друга опасност што не си ја видела заради оваа првата што си се пазела. Најдобро е киснење на житарки колку што може подолго, убаво миење на овошје и зеленчук итн., јас мислам нема никаков проблем. Секако се ротираат намирниците, се прават комбинации, не јаде детето едно исто секој ден. Како што кажа, не треба некоја што дала обичен ориз да се осети како да наштетила на детето, дали е незнаење во прашање, финансии небитно. Се надоврзав и јас да потенцирам, ептен лутки се појавија
Баш така. На крајот на денот на никој не му знаеме буџет, а детските работи (од облека до храна) се изгор со цените. Јас тоа што е поскапо, земам само за бебе и тоа давам само на него, за да трае. Исто сум приметила во Дм пример нивните био работи не се претерано скапи како што е биокосмос. Леќата на дм е 145, а биокосмос 220 мислам. Нема лутиш. Тука споделуваме мислења, а не ја знаеме финансиската ситуација дома на никој или размислувањата за концептот дохрана.
Јас прашувам пошо појма си немам. Да не е форумов некои работи никогаш немаше да ги знам, педијатрите не кажуваат секогаш вакви совети. Читам погоре и за семолина, првпат слушнав тука искрено, ако дадам ориз значи можам и семолина и обратно така? Мене не ми даде педијатарот листа, само ми наброја неколку работи што да давам на почеток за вкусови, ориз не ми спомна ама си ја симнав листата на намирници што ја постира @Vojdana и неколку други од интернет и горе доле тоа е. Јаболко дадов домашно непрскано, ама круша, слива тешко е да се најде сега обични камо ли непрскани. Се мислам да нарачам од Беорг, имате искуство со нив? И се мислам и за авокадо стоеше исто во првите намирници, кога воведовте? И прв оброк кога воведовте? Ние додека стигнеме до оброк, 6 месеци ќе наполни. Океј е?
Нас ни е рано 2++ сме , ама си собирам инфо уште сега се припремам , планирам поинаку за синко со намирниците . Неколку раб да прашам сеа -Кај нас нема Дм , тинекс еден е нз дали има таков ориз , која др опција би била ? зегин хелти фуд има нешто такво или јок од кутииве ќе треба .. - На колку месеци се воведува ориз? - И со алергените и глутенот сега порано читам се воведува така ? Планирам здравје и јас по тој тип да терам , па ме занима шо може на 6-7м да се воведе од тие раб , ако не ти е пр да пишиш Планирам да почнам на 5м некаде јас сега со овој ум
Има и во зегин во делот за храна фин избор на органски производи. Хип и холе се секогаш тука. Зависи што ќе одбереш да даваш. Ориз е еден од првите продукти што се дава. Глутен јас сакав на 6 месеци, еве на 7 и дадов. Вклучи се на хрватската група. Има стварно супер насоки за дохрана. Сликата шро ја ставив погоре е од таму. Баш види се што е со зелено е таман за почеток.
И 300ден да е еден обичен ориз за бебе ке дадам па последни да ми се. Не дека не давам обичен давам ама веке е поголема а и разновидна храна има и јаде се не прави проблем. Секој си одлучува за свое дете.
Јас од вчера почнав со жолчка идам по една шема. Добро пројдовме нема никаква реакција. Ако сака некој ќе ја напишам шемата. Инаку читам, мерите по колку давате? Јас само на почеток кога почнавме измерив еднаш 100/120гр колку е отприлика и веќе знам и колку јаде по лажички се водам. Не знам валда не грешам.
Од кај и да нарачаш се ти е третирано со пестициди некои помалку некои повеќе.Во нашава држава никој ама буквално никој не води сметка за храната,сите гледаат да стават во џеб некој денар од инспекција за храна,царина итн.Секој кој што ќе подмачка добро ќе си пројдат производите. Може примети низ социјални мрежи што стави дечкото со глушецот најден во замрзнат зеленчук што се во ќеса од КАМ маркет и што испадна на крај дека тоа било НЕВОЗМОЖНО да се случи.Значи кога некој си е заштитен си е заштитен и тоа е тоа. Сите ја гледаме предната страна во маркетите, а во позадина како е? Како се чува таа храна? Дали некој воопшто знае што се случува со производите по магацини што дремат и на која температура седат? Никој не знае ама шѕом пишува БИО на нејзе мора да е органска. И не не мора да е органска можат слободно било каква пченица,просо,леќа итн да стават во пакување.Кој ви гарантира дека се БИО? Цената? Кај нас само се профитира, а цената за органска храна е далеку поскапа од обичната, а се одгледува на истата загадена почва како и другите намирници.Значи нема место/почва, а да не е загадена и да не е третирана со пестициди. Јас пробав да дадам и од Лино и Хип од оризот не му се свиѓаше и на крај обичен му дадов па си се најаде.
Мајки, идеи за доручек на 7м? Воведов доручек (ако може така да се каже) не сака да го помириса, кога ќе осети благ вкус на овошје одма затвара уста, добива нагони за повраќање дури, не може да изеди ниту 30гр. Не сакам да настојувам многу за да не направам уште полошо. За ручекот нема проблем, само што ќе осети вкусот на зеленчук и месо си Крка со сласт. По манџите ќе биде Совет некој, што да сменам?
Не знам дали имаш воведено глутен, али јас ставам: банана,кексите на хип 6+ месеци и адаптирано две лажички ова му е омилено. И мојот не ги јадеше благите па сега се јаде не пребира Пробај стави млеко во кашите може ќе ги пројаде така.
Земав од беорг круша итекако разлика со таа од веро. Едни сочни, слатки, превкусни сок тече од нив кога ги сечеш.
@Monella мојата е 12+,па уште не јаде цел доручек.Цица активно,има подој штом стане и тоа ја држи. Ручекот е околу пладне и го прави маф,што викаш манџарка е Јас лично не се потресувам многу,нудам,колку и се јаде-толку. Можеби има врска баш дека почнав со ручек како прв оброк. @Milkiway чисто по здрав разум се водам со 1/3,а и мислам дека беше спомнато во хрватската група,одлични насоки има. Ова не мораш ептен од бебе,но кога ке сервираш цело тањирче,убаво е да гледа и учи како изгледа оброк.Не мора да изеде и да прифаќа баш се одеднаш.Ако јадете заедно и ве гледа вас,исто се поголеми шансите да го сака истото.
не може секој да си ги дозволи сите рАботи. Некои работи ги земаме ептен здраво за готово. секакви судбини и семејни (не)прилики има.