Извини може ја имаш поназад ставено ама не успеав да најдам. Може како се вика групата или линк ? Да се надоврзам ,ориз земав кутија на хип и ,ја фрлив бидејќи воопшто не го сакаше ,ни со овошје ни со зеленчук ,чист па ич. На крај почнав да и ставам од тој ние што јадеме ,со го јаде... Некогаш секој за свое дете одлучува ( а јасно е дека сите го сакаме најдоброто за нив),но некогаш и самото дете одлучува. Глутен воведов по грешка на 6+++ ,мм дал кашичка со глутен и оттогаш престанав да пазам на глутенот. Сега за жолчка се мислам како ,чекам домашни јајца. Пилешко домашно не најдов па дадов на бебевите кашичка тиква со пилешко. Ние се мислиме ,чудиме што како пазиме ненормално ,а читав сега не сум сигурна нели од други ми е читано на ФБ група дека во градинка им даваат се! Една мајка пишуваше дека таа немала јајце воведено а во градинка му дале на бебето ,среќа без проблем поминале.
Иако таа листа е од мојата педијатарка, сепак читајќи искуство од другите решив авокадо и брокула да воведам со полни 6 месеци. Моево е сега 5+++. Од BeOrg нарачав пред 10-тина дена. Свежи и вкусни се намирниците ама дали се органски не можеме да знаеме со сигурност. Дискутиравме доста за тоа. Една членка тука кажа дека постоеле пестициди што се дозволени за органско и еколошко производство...Маж ми тврди дека тие моркови нема шански да се органски..Не знам веќе што да мислам искрено... Моево дете веќе има воведено оброк попладне. Сега со полни 6 месеци уште малку ,ќе се воведуваат и нови намирници и плус планирам путер да му ставам во кашичките... Круши и јаболки земи си од BeOrg. Млади тиквички можеш од секаде да купиш бидејќи тие се фолиски и не се пркааат. Слива давам од кашичка на Хипп. За моркови е најдобро мали морковчиња во врзопче да земеш. Батат имаш секаде, а тиква најдовме во Веро Џамбо и тоа бутернат сорта што е доста квалитетна...Има и во Рамстор мислам... Воведувај попладне постепено оброк- круша со јаболко, батат со тиквица и малку морков, тиква со круша, јаболко со морков можеш...И после тоа ставај и ориз во оброците...Треба да е 30% од кашата житарката (така вчера ми кажаа тука). Јас денес ориз со круша ќе дадам, а утре планирам со Семолината да почнам... Не знам колку пати неделно се дозволени вакви житни кашички...
Може да е од пестициди,ама и на купечките реагираше детево. Демек органски јаболки купив,ама органско кај нас тешко. Денес вакцина прими,па ќе правам 3дена пауза па после пак полека да видам.
Гриз од ориз е ѓубрето од оризот уствари Глупости, семолина гриз од пченка е прав гриз а ориз е ориз!
Завчера направи 5 месеци, а ден пред тоа почнав со вкусови. Јаболко беше 3 дена и денес тиква. Абе само што и доближам лажицата- устата патент и се врти настрана Далеку сме од оброк, мноогу далеку. Сега нека лижнува само нека пробува, еве денес тиквата мислам подобро ја прифати него јаболкото, дека блага, не правеше гримаси. Ама што и ставам во уста (ако успеам) плука. Ми е страв со сила да и тутнувам. Или ќе лапне ќе си го подржи во уста и го плука. Уште непочнати со хранење, лом се правиме Ми е страв да не си имам нејадач.
Од каде па сега дека од ѓубре се прави? Какво е тоа ѓубре од ориз? И да не мислеше гриз од пченица, не од пченка?
Тоа што му дале на бебето јајце а немало претходно пробано е пропуст на негователките што не ја прашале мајката дали пробало. Мене до сега за се ме прашале и за јајце ,млеко,мед, овошја,зеленчуци. И така,ќе ви пораснат децата ќе тргнат во градинка и ќе јадат од најниска класа ориз со пилешко и зеленчук (зошто градинките се снабдуваат со тендер,кој понуди најниска цена тој ќе добие тендер , а најчесто пазарат од кам маркет), а не пак БИО ориз. А на вас ќе ви биде најважно да не го поминале денот со празни мешиња,колку толку да подкаснале. Јас цело време читам на менито овошен јогурт за ужинка. Си го замислив како дома што му правам-овошје со јогурт во блендер. Кога еден ден гледам Зот овошен јогурт купечки носи готвачката.Од 13-14 ден. А јас некогаш за надвор купувам Јогобела,демек поквалитетен од 25денари...
@kukla21 давам и авокадо, мислев него да не го бендисува па го мешев со банана, друг ден со круша и пак не сака. Пробав слива, јаболко без да мешам повеќе вкусови, не сака и тоа. Морам нешто солено да измислувам. @dunika и јас како тебе почнав прво со ручек, може и тоа да има врска. Еве пред малку си смачка скоро 250 гр. ручек (јагнешко со зеленчук и житарки).
@Sofi.ja Да ,баш и на ова објаснување како твоето мислев ,ама бидејќи немам бебе во градинка уште не знаев да појаснам убаво како ти . (И што кажав сега !?) Јас здравје листа ќе им направам што нема пробано
А кој ви кажа дека органскиот ориз нема арсен? Пошто и тој има. Важно е добро да р зготвен и измиен оризот каков сакате користете
Има повеќе зеленчуци кои ги собираат тешките метали од земјата, без разлика како се одгледувани. Меѓу нив се благиот компир и компирот. Затоа и пред некое време имаше студија дека во детските кашички се најдени тешки метали иако се органски. Највеќе биле најдени во кашички од компир и сладок компир. Јадењето разноврсна храна во која најмногу се застапени зеленчукот и овошјето е далеку поважна од тоа како се одгледувани и што содржат продуктите. Бебињата и ние возрасните треба да јадеме разноврсна храна за да може да ги добиеме сите потребни нутритиенти на неделно ниво. Бенефитот од зеленчукот и овошјето го надминува ризикот од пестициди и метали. Не треба ништо да се исклучува од исхраната, освен нели ако има алергија или некоја нелагодност.
Јас и официјално не знам да ја направам селмолината од хип, ја правам по упатство кога ќе изблендирам јаболко станува течно, каде грешам?
https://www.annabelkarmel.com/weaning-hub/ Мамички може ќе ви се најдат рецептите. Исто така има и многу совети за одгледување на нашите најмили.
Ете не знаев а се сполетав демек поскапо поубаво а гледам просо го има на табеливе меѓу првитр ко си реков тоа никат не сум јадела не давам, ќе си чека во редот А за оризот купив на хипп и бидејќи побрзо се прави добро е не сум утнала. И нема за што лутиш кога прашуваме секој ди кажува што знае и мисли баш и сакам да чујам никоја мајка не мисли лошо на своето дете