Ај еве целиот рецепт. - 1 l млеко (може и купечко свежо полномасно) - 0,5 l јогурт (јас користев Збрегов) Млекото се вари додека не зоврие, па се става јогуртот. Се вари и се меша уште неколку минути додека се згрутчи и се одвои сурутката. Се процедува низ тетра. Кога малку ќе се излади, да се стави во фрижидер. Ај па пиши што ќе направиш и со рикотата. И кажи ако нешто не разбираш, ќе преведеме.
а рецепт камо? мојава женска не сака каши изгледа. Вчера блендирав ручекот и никако не сакаше. Зедов оризот кој ми остана и со прст и понудив и бараше уште. Зедов кашата и со оризот како прелив и давав. После јас банана јадев и давав парчиња, гајле нема. Денес никако каша не сакаше. Пак буташе парчиња. Ништо не може да е лесно!
Неееее, јас едвај чекам да се заинтересира и да се подаде по храна. Ддај му да си ручка на детето само
1.5л млеко го сварив и намалив на ептен тивко, ставив 3 лажици лимонов сок (многу е важно лимонот да биде баш кисел, ако не може и оцет) и го оставив уште неколку минути. За тоа време додека е на тивко се промешува само 2-3 пати. Кога ќе почне полека да се формира смесата се трга на страна да одстои уште некои 20 минути. Се процедува низ тетра или крпа. Ако сакаш потврдо сирење го цедиш скроз од сурутката и подолго време, ако сакаш помеко како урда да се направи му оставаш малку сурутка и пократко цедиш. Ако сакаш солено, солта се става откако ќе се свари млекото. Ако се прави со пастеризирано млеко само се загрева млекото на тивок оган, јас со свежо правев.
Дали некој од вас го користел за бебе компотот од цреши од кам маркет, ок ли е да го земам за промена?
Не сакам да бидам погрешно сфатена ама јас од Кам не би купила ништо ни за себе, ни за други, а камоли за бебе... Тоа е мое мислење лично, не сакам никој да навредам....
Зашто? Кам веќе има еден куп производи што ги има во секој маркет, така да не сфаќам зашто да не. А далеку поефтин
Има шеќер? Ако има, не би давала. Баш пишаа низ темава дека даваат замрзнато овошје од маркет, па сама може да направиш компот без шеќер ако сакаш да дадеш тоа.
Како се справувате со деца што не сакаат зеленчук.... Се си јадеше убаво и сеа наеднаш не сака да помириса не па да проба....
Девојки, оризов на Холе прв пат ќе го давам, ама планирав да го давам со зеленчук, а во упатството пишува со млеко да се прави.. може ли со вода да се направи? Шубе ми е млеко со зеленчук да мешам, не знам зошто...