Јас ти го прочитав прашањето ама дека моево не пие ад, не знам која е дозата на пиење Кога му мешам со житарки му ставам колку што примаат житарките (до 50-60мл), а сега му купувам и од кутиите за 10+ месеци, па таму идат некои 150мл. За овошјето обично така да, цела банана и плус уште една овошка. Ако му ставам пола банана додавам малини, капини, аронија, јагоди, урми, кајсии зависи што имам дома.
30ml ад ставам зависи за да добиеш густина каква сакаш. 30мл на 100гр Истото и за овошките давам 1 јаболко добивам 70гр и 30гр житарка мешам
Јас ставам две дозерки АД, ако е сочно јаболкото или крушата не ставам вода зошто ќе добиеш каша за сркање, а не со убава густина.И цели овошја ставам
Мајки, вчера бевме на педијатар на рутински преглед и доста нови информации добив од докторката кои сакам да ви ги пренесам па и ваше мислење да слушнам. Значи моето дете е 5 +++ и докторката рече од понеделник да воведам втор оброк во случајов доручек бидејќи ручек воведов. Двата оброка да се од 120 до 200 грама максимум, секој поединечно. Исто така од понеделник смеам да ставам путер и маслиново масло во едниот оброк... Друга работа е за месото...Ми рече две недели после воведувањето на втор оброк да започнам да варам месо и со водичката да му ја правам кашичката од зеленчук,а после и мали парченца месо да ставам за кога веќе ќе направи 7 месеци да имам воведено месо... Трета работа- Семолината на Хипп и ја покажав и ми рече дека сега за сега не треба да ја давам бидејќи требала од 7 месеци да биде воведена и ми рече наместо неа да давам 100% пченка на Хипп... Отидов и земав пченка на Хипп и еве денес воведувам со овошје. За оризот на Хипп ми кажа дека можам секој ден да го давам... Искрено да ви кажам изненадена сум малку од овие совети, а посебно за месото ама ќе ја слушам докторката бидејќи секако знае повеќе од мене...
Мајки, што ќе кажете втор оброк наместо доручек да воведам вечера? Секако пробав, не сака овошје, не поднесува благ вкус. Го мешав овошјето и со јогурт и со житарки, пробав и бисквити со млеко, не сака ништо. Ручекот го јаде за минутка. Да пробам со вечера таман е навикната на соленкаст вкус, доручекот да го оставам за покасно кога ќе има пробано повеќе работи, ќе имаме поголем избор. Може?
Овошно јогуртче од кога почнавте да им давате? Иначе јас мака мачам со ова јадење, само овошје јаде, а зеленчук ништо буквално не сака, дури и овошје кога јаде само по 3-5 лажички и толку после ми ја бутка раката и ја стега устата не сака, не знам како ќе воведам цел оброк вака 5ипол месеци е, а нели до крај на 5ти месец веќе треба да има цел оброк, не знам дали дека моментално е во скок па затоа одбива да јаде или вака пребирлив ќе ми биде којзнае.
Здраво мајки, моето бебе е 5++ и почнавме со пробување на вкусови. Матичната не ми даде никакви совети околу воведувањето на цврста исхрана па колку што можев да исцрпам информации од тука и ФБ групите сфатив дека се почнува со една намирница по 3 дена, па друга 3...Најпрво 5 лажички, па 10 итн. Е сега незнам дали со секоја намирница е истата постапка или како преминуваме на следно така да зголемувам количински?
Од сите страни ќе слушнеш најразлични совети, крајно твое е како ќе постапиш. Прашај 3ца доктори, три различни насоки ќе добиеш во зависност од тоа нели колку е апдејтуван докторот Прв оброк воведов месец дена по прва лажичка, значи на 6 месеци, втор на 7, трет на 8. Детето само покажуваше кога му е време за повеќе храна. Не мерам количина ама околу 120гр-150гр јадеше во тој период. За таа семолина (не знам зашто така ја викате, не е тоа назив за обичен гриз?) веројатно ти рекла од 7м, бидејќи содржи глутен. Безглутенски житарки (пченка, овес, просо..) давав од 6ти месец, а од 7 почнав со глутен без посебно воведување (тој не дава одма реакција, доколку детето е интолерантно, туку по долга и честа конзумација). Месо дадов на 7м, без посебно воведување. Првиот ден помала количина, ете 15гр, па продолжив по 30гр пет пати неделно. Масло почнав со воведениот ручек (прв воведен оброк), маслиново и од репка, за да не му се прави запек на бебето.
@lavinija28 Каша кога правам за вечера со ад, ставам 150 мл најчесто, но ако е од инстант каша овес, гриз и сл. Во други оброци одамна не ставам ад. Инаку, банана досега цела не сум ставила, обично или 1/3 или 1/2 ставам, а другото е некое друго овошје. @Snowflake97 Мислиш на купечко? Домашен овошен јогурт му давам често, купечки уште не пробал.
Мајкички јас пак да досаѓам со прашања Воведов доручек давам овошје со житарка колку што читав по групава така треба, е сега за зеленчукот како? Да му давам и тоа за доручек да менувам? И нова намирница зеленчук кога да му давам пред да јаде овошје? Јас си мислев еден ден овошје едеб зеленчук да давам за доручек уште некои 3 недели после да воведам и ручек грешка е така?
Ве молам за инфо како го спремате оризот на Холе? (Веројатно е ист и на Хип). Според упатството треба да созврие водата и тогаш да го додадам оризот и да мешам.. да го дадам кога ке се излади до температура од 37 степени.. правилно сум разбрала или?
Јас вака го правам и немам грутки. Ставам пола тегличка вода (како мерка ми е) и чекам да се затопли водата, пред вриење да речам и ставам од оризот, најчесто некаде 3 лажици, ама една пп една и мешам зза да видам каква густина се постигнува. Кога ќе ја добијам густината тргам и ставам во тегличка колку ми треба и плус зеленчукот блендиран. Ќе го измешаш и ќе си се изедначи тоа. Мене тегличката ми е за мерка, си претурам во тањирче и лапкаме. Баш денес тоа ручавме
Јас со првите намирници правев така, после веќе комбинирав и на пример му правам јаболко слива и ако воведувам банана ставам ептен малку ама му давам да јаде колку сака, нареден деб ќе ставам повеќе. Некои намирници ги давам по 2 дена само, некои три. После 1 месец воведов цел оброк.
Можеш ли да сликнеш шишенце или да пишеш како е називот ако има на англиски. Да барам некој од негде да прати