@eli.karameli јас земав од фила масло од репка и масло од лен. И секој ден давам различно еден ден маслиново, еден ден репка и еден ден лен. Сите три се супер и имаат разлики во нутритивните вредности.
Океј, можеби не сакаш да навредиш ама можеше да не го пишеш тоа. Во нашата држава стандардот знаеме каков е. Секоја мајка сака да му купи се нај нај на своето дете ама не секоја може. Ама дека во Кам нема добри производи не е точно. Има супер производи по многу пристапни цени.
Мајки малата е 8 и пол месеци. Имаме три оброци и јаде од 100-120гр секој оброк. Млеко пред една недела си пиеше 600-650мл во текот на денот и околу 250-300мл вода. Последнава недела млеко ептен ми намали пие од 450-550мл дневно па малку се загрижив да не е малце тоа. И давам измеѓу оброк не сака максимум 40-50мл пие. Цица два пати ама малку бидејии немам млеко кратко цица само. Ваков ни е распоредот. Станува 6-6:30 цица малку во 8-8:30 доручек, во 9 и нешто заспива прва дремка околку саат и пол до кај 11:30, после и нудам млеко накај 12:30 ама не сака па има ручек во 14-14:30,па спие пак втора дремка исто саат до саат и пол и после накај 18:18:30 вечера и во 20:30 пие млеко и заспива,се буди накај 23:30 и пие пак млеко и после сабајлето во 4-5 пак пие млеко. Дали е ок ваков распоред? Вашите бебуши на оваа возраст колку млеко пијат во текот на денот? Извинете на долгиот пост
Нели оброците треба да се 200гр или јас грешам? Се така мислам 6м има малиот по 100г му давам ама малце му е бара повеќе. Гледам нашиов педијатар од 7м дава 2х200гр да бидат оброците...во забуна сум колку треба да е точно
Моето е 11 месеци и јаде околу 200 гр, а ад му се фаќа 540 ml и плус во каша му ставам. Кога имаше 6 месеци, тогаш и воведов прв оброк 120 гр. Па 150, 180 и сега околу 200, а ручек сака повеќе и тера до 220.