Појма немам. За бебиња петлиња требало, и тоа кога ќе пропее, тогаш се коле. Можеби кокошка не знаат кога ќе премине од коковче во кокошка за да е младо
Секогаш повеќе правам ама не сака ваљда и е таман зошто не ни бара млеко после а кога и да сум понудела не го пие,а вода обавезно. Еднаш си јадеше вечерата и за еден саат и млеко сакаше да заспие и поврати и од тогаш не ја присилувам колку сака толку. За две недели сме на контрола ке ја прашам матичната.
Никако.. додавам овошје во ручекот најчесто јаболко ама не секогаш поминува, понекогаш и кисело млеко, но генерално зеленчук не сака. Ако најдеш начин за справување со нејадачи на зеленчук, те молам сподели
Има ли некој што дал порано манго, портокал и какао? И ако да на колку месеци? Според табелата 12+ се воведува
А има ли некој да сподели искуство со нејадачи на овошје ??? Мојава обратно, зеленчук сака, а овошјето, не сака ни да го помириса.
Немаше никаков проблем така? Мојата е веке 8 месеци и до сега скоро сите намирници по рано ги воведувам па се чудам за тие што да правам
Јас дадов манго на осум месеци, воопшто не го сака. Имам дадено пет-шест пати, не ми ги јаде кашичките со него. Ама, мојава последниов месец, овошје многу малку јаде, па незнам дали е до мангото, или до овошјето. Ако има некој искуство нека подели, може ли мангото да се комбинира со зеленчук, и со кој?
Мојот е 10месеци и освен сусам и кикирки, што планирам следна недела да дадам, друго скоро се има пробано. Потокал проба на 7ипол, манго и какао на 8.
Јас дадов од сокче мислејќи дека е кајсија на сликата со портокал на Хип немаше некои нус појави.Манго дадов во кашичка ама не беше фасциниран и не му ни давам.
Многу убава комбинација е авокадо со просо,круша и банана,а покасно и јагода,ќерка ми го обожаваше тоа како помала.