Имам замрзната блитва,сакам денес да дадам прв пат, дали да ја обарам посебно па да ја сржтавам или при крај кога ке е другото да го додадам само како спанаќот?
Јас прво ги обарувам (готвач на пареа) и потоа ги замрзнувам. Читав дека водата од блитвата се фрла, не треба да ја конзумира бебе, и така и ги замрзнав, и само ги додавам и блендирам
Кикирики преку путер планираш да воведеш? @tulip-K Не те сфатив дека за свежа коприва мислиш. Купуваш од некаде или домашна имаш? Баба ми мене ми ја вареше и ја ставаше во теста, а водата како чај ја пиев.
Мајки, Земав овесни снегулки на био од дм дали е доволно само да ги киснам во овошјето? Ги блендирате или не?
Денес за ручек и сварив киноа,морков,тиква,кромид и мм изеде повеќе од 200 гр заедно со леб.леб јаде со секој ручек
Домашна имам..по табела гледам дека блитва, коприва и спанаќ може да се дава помеѓу 6 и 8 месеци. Малава е 6 месеци...се мислам дали да дадам коприва во комбинација со тиква со морков? Или рано е ?
Искрено не знам, не сум забележала коприва во ниедна табела ама не би дала пред 8 месеци. Јас со блитва и спанаќ почнав од 8 ми се чини.
Не знам, уште се мислам. Дали јас да печам и мелени да му дадам во колаче, дали јас да направам путер или да му дадам малку од тој ние што го јадеме, чисто да видам реакција. Ептен ми е страв за кикиркиве, свекорот и свекрвата се алергични. Ама јас јадам многу путер од кикирки, значи ептен многу. Ако имаше нешто ваљда ќе покажеше до сега. Зашо нели викаат тие што имаат големи реакции на кикирки може и од самата близина или при допир ако некој јадел да реагираат.
јас денес грашок дадов. Регулар на фриком. Во хрватската група вика 10мин да отстои попарено со врела вода. Со прво ќерче само го киснев со овошјето, ама сега вака планирам да покиснувам. Помеко ќе е. Едино, кога ќе мешам со јогурт, директ да кисне со јогуртот.
За глутенот , братучеда ми малата била алергична вика одма после трета лажичка покажа,прво се вцрвила на обравчињата потоа и се направиле пликови по цело тело... А за каква реакција се мисли по подолга конзумација ? Јас давам бидејќи палента не сака ,или до млечно или со овошје.