Не знам дали ќе пушти слуз ако стои во ладно како јогурт, не сум пробала, па кажи кога ќе направиш. Во топла вода ако стои или ако се свари барем на кратко, пушта слуз и станува како лигава смесата и е корисно за црева. Така знам. Ги киснам, ги варам на кратко или ги варам на тивко додека згусне и стане лигава смесата.
За јогурт како за мене би ги правела не се лигави, ама не се ни така крути. Исто и во хрватската група прочитав дека со јогурт може така киснето во јогуртот
Не сум правела за него така, може да пробам. Ги потсварувам малку, па после ставам јогурт, овошје итн.
Мислење за просо и амарант? Кога воведовте и како? Земав просо лупено на пробиос, за 3 дена ќе биде малата полни 7 месеци.
Просо давам меѓу првите житарки, а амарант уште не сум дала, пишуваа за киноа и амарант поради која состојка не се препорачува рано да се дава, да ме отепаш не ми текнува. Инаку, просо се кисне, претходно убаво измиено, киснам од вечер и наутро го варам. Ех, да ме видиш што сè правам во исто време и колку работи имам на рингли во исто време...
Хм тоа веројатно било алергија/интолеранција на конкретната житарка, штом веднаш покажало реакција. Се работи за целијакија, или нетолерантност на глутен. Обично се јавува после подолга и честа конзумација. (подуено меше, болки и грчеви, пролив, опаѓање на телесна тежина, повраќање) Нека ме поправи некој ако грешам
Во киноата има горчливи материи, сапонини за да ги бркаат штетниците од растението. Исто заради оксилатите и фитинската к-на, кои ја редуцираат апсорпцијата на вит и минерали. Барем овде до две години се препорачува да се почека со киноа
Уште едно многу ја мења приказната плус ако е ко моево. А седнеш да јадеш, тогаш и се мочка или кака. Таман лом во раце, она вода бара. Ручек кога се прави, мора некоја драма
Ми остана мисла муабетот за КАМ од пред некој ден. Мене КАМ ми е прв избор за што има таму. Никогаш не сум начекала нешто со изминат рок, бајато, расипано. За разлика, од Веро и Рамстор мора 10 очи да отворам. Обавезно имаат по некој поминат рок на рафт, а па кај млечни продукти. Сега да влезам ќе најдам. Риба на метро носат секој вторник и петок во КАМ. Свежа, се распаѓа кога е печена.
Да не заборавам, урдата ја направив, се изненадив колку излезе вкусна Литар алпско млеко и половина литар кисело млеко Бучен Козјак. Излезе количина како топче во рака, но тамам е за него и за да се изеде побрзо бидејќи долго претпоставувам дека не стои со оглед на тоа што нема сол.
Дали менувате вода кога варите телешко? Кога воведувавте, дали дававте некое време само од водичката во која се варело во зеленчукови каши или и мевце стававте? Ако стававте и мевце, по колку?
Ја фрлам првата вода кога ќе почне да врие, па го варам во чиста. После новата вода ја замрзнувам во калапи и во ќесе ги префрлам за да ставам во каши од таа вода. Почнав само со водата, па после дадов месо. Полека зголемував количина на месо, а гледам секогаш да почнам со 10 гр што и да давам првпат.
Искрено, не се сеќавам како педијатриве ме насочуваа за да воведам телешко Таа практика со водата еве @dunika баш пишуваше дека тука ја сретнала, па може да сподели како го воведе таа месото. Мој начин за воведување е полека, сè по 3 дена, не ми се брза со ништо. Јаде сè, не сум имала потреба да убрзувам.
Мене со вода ми препорач педијатар. Така и во хрватската група пишува. Со првата ќерка така терав. Сега директ мевце дадов, а водичето во посен ден. Јас варам во експрес лонец. Помеко ми е мевцето.