Мајки кој путер користите и во што ставате нас др ни рече во месо да ставаме бидејќи е чисто да биде помрсно? Фала
Искрено, не ме бива многу за во кујна освен за секојдневните јадења, а не ни имам желба. Кај нас маж ми е главен во кујна. Ама за малиот ептен ми е мерак да готвам особено дека со сласт јаде Баш вчера ептен мрза ме имаше фатено и едвај станав палачинки да правам, и викам на мајка ми било кој да побараше палачинки немаше теорија да станам ама за малиот некоја посебна сила ме влече
Од каде пазариш ти конкретно за себе и за бебе??! Јас има продукти кои ги купувам исклучиво од КАМ , бидејќи ги нема по други маркети . И да секогаш свежо пресно , со рок .
Мене ми рече педијатарот директ месо, варено 50гр во оброк. Е сега, се пробува пример, понеделник, среда и петок, само телешко, следна недела исто ама со пилешко и на крај мисиркино. Исто планирам во мал експрес лонец, ем брзо ем убаво разварено.
Не сакам да коментирам ама мн ме нервира муабетот за КАМ. Не знам што толку го хејтаат, а први рипаат да идат таму.
Така зборат за да ја истакнат "замислената супериорност "над сите овде . Тоа што вртеше по социјалните мрежи со замрзнатиот зеленчук секаде може да се најде. Треба 4 очи при купување .
Ај ке си кажам мислење неповикана Значи прво не е до КАМ туку до фирмата што ги произведува ,како јас би знаела дека внатре има глушец па да не го ставам во продажба кога е затворено во кеса во која што не се гледа ? Второ тоа во секој маркет се дешава еве јас во локален имам најдено мувлосана павлака ,со рок со се и ? Како продавачката што го ставила на рафт да види дека е внатре мувлосано кога е непрозирна амбалажа ? Од здравје Радово мувлосана кашкавал кога работев на каса ми донесоа. Ми вика муштеријата ова види врати го ,без никаков скандал ништо , зошто се знае не е до нас туку до тоа што примило воздух пакувањето... Исто вакумот ако е попуштен кај производи што се вакумирани не го купувајте тоа ,нешто не е во ред
Леле колку не ме бива А и што вика Јана, поточно ич немам желба, неготвачка бр. 1 сум Ама за бебе не ми е проблем, со мерак правам. Урдава да ја пробаш обавезно, прелесно се прави и многу брзо, бебе јаде несолено (што ми е многу важно), а башка и вкусна излезе. Рикотата сакам да ја пробам, но со лимонот не знам, ми е страв да не има реакција За Кам само ќе кажам дека ич немам навика да пазарам таму. Башка, откако е вирусов, мм сам оди во шопинг еднаш на 2 недели за да не се точка по маркети и гледа да оди само во еден маркет, а во Кам нема многу од работите што ги користиме. Но има работи што ми се допаѓаат и понекогаш ќе ни текне да помине таму, последно пред Нова година беше тоа. Муабетот од Војдана не го сфатив како нешто да се прави повеќе од други, ниту па дека е навредливо тоа што го кажа. Секој со својот избор, а честопати имаме сите по некоја причина зошто не одиме некаде да купуваме. Дали од незадоволство, дали од немање навика, дали нешто трето.
Тиква најдувате негде периодов и каде? За портокаловата тиква прашувам, не можам нигде да најдам. Со што да искомбинирам компир за да го јаде? Имам заприметено дека не сака каши без вкус. Со морков и тиквица не го јаде,значи отпаѓа така. 5++ сме.
Некоја мамичка да ме просветли оти сум изгубена со пробување вкусови и воведување оброк Пробавме јаболко, морков, банана, тиквичка, крушка, компир и модра слива... е сега планирам да почнам да давам мешано ама не знам по колку да давам и кое време... мегу оброци или наместо оброк друго кога се смета воведен оброк? Дали мора да содржи скроб оброкот за да се рачуна за воведен или јас така си мислам Кои наредни намирници треба да се пробуваат (4++++)сме Имам многу прашања бидејки ми е непознато се извинувам што поставив еден куп прашања
во бебе готвач киноа од 6+ пишува, а еве овој податок не сум го знаела,по бебе готвач се водев и му дадов на бебуш мој органска од ДМ, ама не ја сака ич,со сила јадеше.
во Рамстор имаше пред некој ден. да де. КАМ е дисконтер, не се фенси рафтовите, поставено е во кутии, ама бар е тазе. лидл е истиот концепт, ама ќе се потепаат од таму да купат сега ко ќе отвори
КАМ е ефтино зошто земаат на големо т.е. земаат роба со шлепери па затоа и е толку ефтино. А другите маркети поскапи се зошто земаат по палета две роба. И искрено најбитно е местото каде што се чуваат артиклите. Мене ми се случи 3 пти да земам битолско и во рок од еден ден да ми мувлоса.