1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас пилешко на холе ќе земам. Секако мисиркино ми е прво во план :)
     
  2. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    А тоа од каде?
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    виндија мислам имаше. Регулар пакувано од маркет
     
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Мисиркино и на перуптина словенечкитр имаат свежо во тацна за нас сум купувала во веро
     
    На Mila_Skopje и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    е да. И тоа е добро :)
     
    На Milkiway и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Сите земаат шлепери роба, работата е што во Кам има 5 пати помалку вработени и затоа робата е во кутии зашто нема кој да ја реди, на сметка на тоа е малку поевтино. Кам ми е скроз ок, плус имам на 20 метри од мене ама за поголем шопинг идеме најчесто Веро или Тинекс зашто има буквално се. Од Кам гледам хемијата да ја купувам. Инаку, производите се тие, не е дека грчкиот јогурт во Кам е полош од Веро, кога е истиот. Можеби поентата на Војдана беше друга, но очигледно напишала без да размисли како ќе звучи.
     
    На Lady Leona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    како мислиш помалку? Јас кај што одам има многу повеќе од Веро. Нема се, тоа му е маана и има специфични брендови. Што има таму секад од таму земам, другото од другиве регулар маркети
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Сум разговарала со шеф на регион во Кам и ми кажа дека доколку се реди како во другите маркети, ќе им требаат повеќе вработени. Вака помалку вработени, помала маржа. Си имаат и други пресметки сигурно. Газдата на Кам ова го видел првпат во Германија, па се решил и тука да отвори маркет на тој принцип.
    Во тој Кам кај што пазарам има 4ца на смена и секогаш редици на каса. Во поголемите маркети има многу повеќе вработени, само на каса се 5-6 души.

    Со ова скроз се согласувам. Поконкретно, да имаше поголем избор на овошје и зеленчук и да беше посвежо, само за месо ќе идев на други места.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Во мојот кам има секогаш свеж зеленчук. Секој ден редат ко мравки се. Месо исто има од пред некое време. И тоа не е лошо, имам земено неколку пати. Пишува кога е колено, кога е пакувано.. Јас престанав во пиљарата да влегувам. Тиквиците што ги зедов последно, крцкаат на сечење од свежина.

    во големите маркети, најчесто фирмите сами си редат.

    ни на каса нема гужва кај мене. Ептен ретко. Работат 2ца, ако треба иде уште еден.
     
    На Jana06, Brpbrp и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  10. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.303
    Кога воведовте грчки јогурт
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Банана како дававте? Утре ќе дадам прв пат. Со вилушка пасирана или блендирана? И дали мешавте со млеко/вода? Пробуваме вкусови, нема уште оброк.
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.716
    Допаѓања:
    12.820
    Јас прво блендирана ја давав, дури сега ја давам со вилушка пасирана на 7м.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Кам е најефтин зашто не наплаќа за производите да се продаваат кај него. Сите поголеми маркети наплаќаат по производ ако сакаш кај нив да продаваш. Колку си спремен да платиш толку и ќе ти биде експониран производот- ќе биде ставен на најдолна/најгорна полица. И Кам ги условува за помали цени, им ги спушта на минимум.
    А тоа за глушецот мене ептен ми мириса на превара. Човекот изјави дека јадел од тоа. Како бе супа направил и не видел дека има глушец во неа....
     
    На Brpbrp и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Женски, во врска со дискусијата за Кам маркет- верувајте дека не сакам апсолутно никој да навредам, ниту пак со некоја лоша намера сум пишала...Јас само за себе лично кажав дека од мои причини не сакам да пазарам во Кам, но тоа не значи дека другите што пазарат таму ги осудувам...
    На ова тема има мајки како мене и си помагаме меѓусебно и последно што сакам е да ги нарушиме односите...
    Е сега, во однос на моите лични причини зошто не пазарувам во Кам- како прво има голем број на производи кои ми требаат и ги купувам, а во Кам ги нема...Втора работа се нивните т.н германски производи што ги нудат и што немаат врска со германски квалитет и на едно место се произведени, на друго пакувани па извезени...Никој нормален не продава чоколадо со алпско млеко, швајцарско демек за 40 денари...Значи не купувам никогаш производ на кој не му го знам потеклото...Најчесто пазарам во Супер Тинекс или Веро кадешто знам што купувам и за што трошам пари...Ако не сум при пари ќе земам чоколадо на Европа од 40 денари и барем ќе знам од каде потекнува чоколадата...Некни пазарев со маж ми и земав прашак за перење, омекнувач од 2 литри, влажни марамици, млеко без лактоза, лимони, Цедевита и сето тоа на промоција беше со сериозно намалени цени.. Можам многу да набројувам..Плус на каса даваат попуст понекогаш и со картички ако имаш поени...Значи тие кажувања дека во Кам најефтино се поминува се тотална заблуда...Во поголемите маркети како Веро и Тинекс може за сечиј џеб да се најде...Ова се моите искуства и ставови, а ги почитувам сите мислења различни од моето...
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.611
    Допаѓања:
    18.176
    Пол:
    Женски
    Битолско млеко? Ако е млеко до производителот е, на собна стои млекото пред да се отвори како и во секој маркет. Сирење јогурт павлака е друго.
     
  16. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Откако воведов млечни производи , на 8 ипол ,веќе на 9 дадов и грчки јогурт. И тоа , го обожава моево бебе.
     
    На Katerina94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    И јас пишав дека одам во поголеми маркети кога правам поголем шопинг. Инаку, германските производи особено сјај за садови, таблети и сол за машина за садови итн. се одлични и преевтини. Не знам за какво чоколадо збориш ама милка чоколадо е 40ден :^)
    Еве јас имам картички и од Тинекс и рамстор ама никогаш не сум искочила со мала сметка, плус не сакам такви маркетиншки игри демек поени, промоции и ќе те изманипулираат да купиш производ што не си го планирал.
    Друга работа е што немам време да чекам Ариел да биде на акција за да го купам или во Веро да платам антиперспирант 170ден, кога во Кам е 100ден.
    Јас не те сфатив погрешно туку те сфатив баш како што пиша, дека се неквалитетни производите и дека не купуваш ни за себе, а не за бебето. Неквалитетен производ никој не би купил освен ако нема избор, без разлика во кој маркет е.
     
    На Butterfly1107, Mila_Skopje и Thallia им се допаѓа ова.
  18. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    Веро ми е до зграда и го знам на памет цело. Далеку од тоа дека има промоции, и тие промоции пак се скапи. Еве пример: бучен козјак Веро 59ден, кам 53д, ариел 230д веро, кам 160ден и да не набројувам. Така да не ти држи вода муабетов, Веро е изгор скап и не е баш за секој дека може да пазари. Знам дека не ти е лоша намерата, ама има луѓе кои знаат како се снаоѓаат во месецот и пазарат таму, а не значи дека му посакуваат на своето дете нешто помалце од другите.
     
    На eta, Chuchanov, Butterfly1107 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.716
    Допаѓања:
    12.820
    Да да млеко 1.5л што имаа сега не знам дали имаат.

    Ај нешто да разјаснам во врска со маркетите и нивното функционирање.:) КАМ и Стокомак имаат најниски цени бидејќи рабадот што им го даваат е голем, бидејќи склучуваат договори со фирми за милионски суми, за разлика од Веро,Жито,Тинекс и др. Крем бананите во КАМ ги произведува Свислион иако пишува Алпико на нив. @Vojdana ова особено за тебе важи да не мислиш дека сите производи што ги гледаш на пазарот дека се баш од Германија,Франција или од некои по развиени земји.Да не се лажеме производите можат да бидат било каде направени во некоја друга фабрика, а да бидат назначени со името на побарувачот.Пример Милка чоколада бидејќи ја спомна сигурно нема од европа да ти ја носат или пак Нутелата, Нутелата тука е шеќердисана до немај каде, за разлика од Италија. Кај нас производите што стигаат се претежно од Турција бидејќи имаат лиценци за се и свашта. Ако сакаш веќе нешто шѕо е стварно со врвен квалитет тука кај нас барај фирма што им нема дадено лиценца на други компании да произведуваат за нив.

    И во врска со рабадот на Веро 2.5% даму дадеш и на КАМ 20% не е исто нормално цената ќе биде различна.Во другите маркети коли и да е на акција нешто ништо не добиваш гратис и со намалени цени пак се поскапи.

    Лично зошто јас не пазарам во Тинекс е највеќе ради месото три пати земав стек и смрдеше на пцоисано.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Исто искуство со Веро. Кога ќе прочитам најтазе месо, црева ми се превртуваат од мирисот што ми иде од што сум зела.
    Андреја има многу добро месо. Поповски исто не е лошо. Андреја не ми е уз пат, ама секогаш е тазе. Кога земам поголема количина нарачував преку пакет.мк

    во право е @Butterfly1107 за како функционираат големивњ маркети. Нема споредба со КАМ. Тоа е сосема друг концепт. Кам Работат со private label доста. Тоа не е препакувано, си има свое име. Ако ги видите фин.извештаи на Европа ќе видите дека и тие се прајвет лејбл за други. Така функционира пазарот. Лидл е иста шема. И таму има доста производи со специфични брендови кои се произведени за лидл. Ако ви смета КАМ, ќе ви смета и Лидл. Баш да видам дали таму ќе пазарите :?:
     
    На SkarletOHara, Thallia, Chuchanov и 2 други им се допаѓа ова.