Јас па во Рамстор имам купено расипан стек и сирење со поминат рок една година, а врз етикетата залепена нова со уште цела година рок на траење Се случува секаде факт. Јас купувам од каде ми е најблиску во моментот, а за мали од Веро по нарачка и го зимаме истиот ден кога стигнува.
Знам дека и Тинекс и Веро имаат недостатоци, а поготово месо ретко кога купуваме од таму ама пресуден ми е големиот избор на производи и честите промоции и акции...Во Кам не сум влегла со години, еве ќе одам некој ден да видам што и како се продава...Само знам дека за нивните т.н германски чоколади, бонбони и кремови се ужас невиден...Толку за ова... Сакам да ви кажам дека денес беше првиот доручек на син ми како втор воведен оброк и супер помина. Изеде 150 грама. Му спремив палента на Хипп, цело јаболко и пола круша на пареа.. После за ручек за прв пат ќе воведам обичен компир со путер тиквица и морков...
Во месото има млечен протеин наречен казеин. Бидејќи постои мал ризик од нетолеранција на лактоза се препорачува и воведувањето на месо да е на овој начин,постетпено,прво водата па потоа и месото.И јас така планирам прво од водата да додадам во кашата па 15-20гр.месо па 50гр. Ова од педијатар кажано. Сакав да и кажам на @Vojdana дека добро ќе направи ако почне со путерот од страна на млечни производи, сметајќи дека во путерот има најмала застапеност на лактоза од сите останати млечни. Мали денеска изеде едно тегле од 120гр. зеленчукова каша и баш ми е кеф што не се противеше. Па и вода пиеше после оброкот.
Казеин е млечен протеин, а лактоза млечен шеќер. Две сосема различни работи. Детето може да поднесува лактоза, но да биде интолерантно на казеин и обратно. Во чисто месо не се содржи ниту едно од овие, единствено може во месни преработки да се најде казеин.
@Vojdana, од претх. постови знам дека и ти даваш ад, а и јас ќе воведам доручек деновиве, (до сега беа овошни вкусови)па консултација: дали кога ќе стане бебето прво даваш млеко или директно доручек? Педијатар ми рече следен месец и вечера да давам, па се мислам кога ќе давам млеко .
Не сум Војдана, ама ќе си кажам. Давам храна, но утринското млеко не сум го тргнала. Станува, пие ад, правам доручек и јаде после најмалку 1 час. За вечера може и млечни каши со ад. Млеко пред спиење, а и измеѓу оброци. Тоа млеко меѓу оброци понатаму ќе биде заменето со ужинки.
Добро, јас не потенцирав за каков тип месо точно,муабетот е дека треба да се внимава и постепено да се воведува. Ние сме 5++ и ќе треба за некоја недела да му давам ад 2ка која дополнително содржи казеин, би требало да е похранливо тоа млеко од 1цата бидејќи поспоро се разградува овој протеин Како ја воведовте 2ката ад, со мешање меѓу 2те или директно? Некој сооднос имаше?Си велам ќе го прифати.
Е за Лидл не смеат да писнат, ама во КАМ ќеса е срамота и ѓубре да се фрли Шала на страна, еднаш у парк слушнав муабет дека жената фрлала ѓубре само во веро ќеси Мислев дека Ина многу фина се зеза, ама стварно постоело бе
Тоа се фрустрации на ситни души Јас ќесиве ги фрлам. Си купувам ќеси за ѓубре. пс. Во Веро ќесите се гаѓа. Во КАМ се плаќа
Пробав да давам млеко прво, ама после не јаде. После ручек исто, 3ч треба да поминат па да испие 100мл макс. А да чекам подолго па не можам да искалкулирам заради дремките, 3 пати спие и си заспива навечер 20 до 20.30.
Јас со мешање преминав на двојка, прво сооднос 1 лажиче двојка, 3 кец. После 2 со 2, па 3 со 2 и на крај 4 само двојка. Од педијатар добив совет да не преминувам директно, па сега истото ќе го направам од 2 на 3. Некои не прават вака и веднаш си даваат двојка.
Па можеби повеќе го држи млекото и треба да се почека за доручек. Пример, кога беше помал, кога ќе станеше пиеше млеко, па дремка, па доручек.
Ако бара давај му, самото дете покажува. Еве моиве 9м јадат над 250 грама веќе од 240 до 260,70 не мерам секогаш ама им ја знам потребата одприлика по тањирчето гледам колку ќе искочи. Али затоа па, АД ми пијат помалце по околу 300мл на ден.
https://e-shop.filla.com.mk/ Над 1000денари е бесплатна достава. Јас земав од репка, маслиново ладно цедено два шишиња, ленено, помас маслиново 2 шишиња и стигнав над 1000денари