Најдов тиква портокалова, долгнавеста. Сакам да замрзнам во ќеси за замрзнување. Планирав да ја излупам, исчистам од семки и измијам, на крпа да се исцеди, на вага да мерам по 30тина гр. и да складирам така на коцки парченца во замрзнувач. Во ред е вака или ќе згрешам некаде во постапката?
Така правев и јас, само што пакував по 50 и по 100 гр. Не ја цедев на крпа, на табака ставав сечени парчиња да се подзасушат, па потоа во ќеси за замрзнување.
Green house многу добро снабдена пиљара во Кавадарци, мислам и достава имаат. Несакам реклами, ама нема што немаат. Тиква портокалова и јас барав, денес таму најдов
Ни јас не мешав. Читав разни мислења и искуства и одлучив да не мешам. Дадов веднаш и не згрешив. Немаше никаков проблем кај двајцата.
Колку грамажа обично оброк ви јадат на 6м дечињата? Педијатарката ми вика 120 до 150 ако изел 150 наредните 3до 4 часа да не цица. Јас ми давам 150 после тоа не цица некој 2 3 саати ама па му прекинувам јас он уште си отвара усте и си јаде без разлика овошје зеленчук се мислам малку да не му е... Ама па и да не го гојам само со поголема количина. Ај просветлете ме
После колку време од пробувањето вкусови воведовте оброк? Имаме пробано јаболко, тиква портокалова, тиквица и банана. Ориз планирам да проба деновиве, па компир, батат, морков. 5+ сме. И досега повеќе од 3-4 лажички нема изедено, но се е како ужинка од сабајле. И дали доручек или ручек, што е подобро да се воведе како оброк? Оризот прв пат чист го дадовте или во комбинација некоја? Планирам на Хип да земам. Да си прашам додека не сум била на педијатар, а и он ми е многу сувопарен за овие работи со исхранава, пребрзо ми објаснува и не можам да си ги испроцесирам информациите.
До 150гр јадеше али после три часа млеко му давав. Се зависи од дете до дете ако мислиш дека му е малце дај му порано млеко и ќе видиш.Т.е. најчесто по бљуцкањето ќе видиш дали е прејадено или не . Јас ориз дадов чист и се згрози и тоа на Хип после му ставав во каши и тоа малце и не ми ги сакаше, сменив и на Лино дадов ориз ни тој не го сакаше, само обичниот што го јадеме ние го прифати.Мој совет стави го во каша не го давај чист. Јас две недели давав зеленчук и една и пол недела овошје.Почнав со ручек до 120 грама па после воведов доручек исто 120грама. Бидејќи се буди во 4 сабајле тогаш давам млеко и после во 8-9 давам каша па во 11-12 млеко па во 15:00 ручек па после тоа уште два пати млеко. И во кашата сабајле често ставам АД по две дозерки.
Гледај накај 7 саат сабајле да дадеш млеко , 8 најкасно и после накај 10 и нешто го давам доручекот , а накај 17 ручек... За пет дена полни 6 месеци и ќе имам воведено 2 оброка...
Ја имаш на многу места, почнувајќи од поголемиве маркети па се до аптеките...Педијатарката ми рече на сабајле да ја давам со овошје, а со Семолината да почекам до 7 месеци...
Мојата после оброк од 150гр за 1.5час бара млеко и и давам, а истото ми беше одобрено од педијатар. Е сега кака одма после јадење, па може се изгладнува ама мислам дека 3 саати е многу, сепак млекото меѓу оброците е како ужинка. Јас меѓу млеко и ручек правам 3 саати пауза, ама гледај по детето, тоа нека ти е водич
И јас мислам дека е многу пошто тоа ќе му дојде да јаде доручек и следно ручек а треба нели млекце измеѓу, ама он знае да не побара наредните 3 саати а си јаде по 150 гр и уште би да му давам, затоа незнам како да правам може треба да му дадам помалку за да побара млеко па после ручек да има
@Lovebug01 оризот од Хип е добар како една од првите воведени податоци. Јас го дадов во комбинација со јаболко првпат а и така продолжив да го давам,во комбинации со овошје и зеленчук,така и го сметав за воведен.Премногу е леплив за да се дава како поединечна намирница,нема убава текстура кога е даден без ништо,а баш убаво излегува со јаболко.Јаболкото варено и блендирано оризот настрана подготви го и после додај во кашата, вака нема промашај. @Alishan30 најдов портокалова тиква после долго барање. Од Прилеп сум,тука најдов во една пилјара. Денеска ќе дадам првпат.Бидејќи е доста голема дел од неа ќе ја замрзнам на коцки.
Кај 7 станува и цица. Кај 9 е веќе кома, и во 10 јаде доручек, 125гр сигурно ама бара плус, еве нека е 150гр. 12 пак ми бара млеко, а кај 15ч ручече и пак за 1.5 саат млеко. Е сега ако не ми сака од ручекот, знае помалку да изеде, пример мала тегличка или помалце и порано бара млеко. Следен пат пред спиење кај 20ч. И секој ден е така со плус минус пола саат
Вчера во ручекот за прв пат дадов обичен компир бидејќи во програмот пишува од 6 месеци...Компирот беше спремен на пареа заедно со морков и тиквичка и лажиче путер ама мислам дека вечерта имаше грчеви и се мислам дали е од компирот... Бататот убаво го поднесува ама овој обичниот не знам... Вие како поминавте со компир?
Сме пишувале за компирот дека прави таква реакција и не се за од старт. Путер е млечен продукт. Се дава од 8+