Ќе се навикне да го вари. Давај пробиотик. Ставај и маслинов ладно цеден. Ти пишала и кукла путер е од 7,5 -8 млечен е.
Од сите намирници по месец ипол одкога се проба, денес првпат дадов млад компир, како последна состојка од 6 месеци. Заедно со авокадо и тиквица дадов. Одбегнувај да го даваш меѓу првите намирници. Батат скоро во се комбинирам и тој регулира столица, а за обичниот компир ќе гледам да е поретко.
Јас ручек давам кај 14, 14.30, си викам кога ќе дојде време за вечера да има време. Пробав сабајлево во 7 да дадам млеко, одвај 100 мл испи. Повеќе каши сака од млеко откако почна да јаде.
И јас го имам тој проблем. Јаде 200-250гр кашичка и дури после 3-4 часа пие млеко. По рано не сака. Заради тоа што по многу време ја држат оброците пие малку млеко (3 пати) и нема како да и воведам 3 оброк. Ако у воведам 3 оброк едно шише млеко ќе треба да тргнам. Инаку 8 мес е
кујнска вага или сад каде има ознака за мл. Јас имам на бебе конфорт и Чико. Тие се добри и за надвор ско треба да носиш храна. Убаво вакумираат.
Ама третиот оброк ќе ти биде кашичка со ад ноќна пр житарка...ако го дадеш гриз со 200мл ад ќе се важи како млеко во денот и ќе останеш на 2 млека кога ќе има ужинка ќе ги тргнеш . Бар така мислам дека треба.
Проблемот е што педијатарот ни рече да воведам доручек па вечера со житарка и АД и на крајот ручек бидејќи малата мн малку пиеше млеко. Сега треба да воведам ручек а како да го воведам не знам.
Треба да имаш 5 оброци во текот на денот ама секој ден не е исти.Гледај кога се буди бебе и води се според него за колку време огладнува од каша и за колку од млеко. Гледај да има размак од 2-3 часа за да се свари храната. Пробај и во доручекот додавај ад млеко некоја лажичка. Никој не може да ти каже колку точно да му даваш на бебе некои јадат повеќе некои помалце.Моето и јаде и пие млеко
Секој ден различно млеко пие кога стане од 7-9. После 3 часа јаде доручек (наизменично и давам неколку дена овошје, неколку дена зеленчук), после 4 часа пие млеко, после 3 часа јаде вечера и по некое време заспива. Еднаш се буди за млеко околу 1-3 часот и тоа е. Малку ми е тешко така, можеби требаше последно вечера да воведам но го послушав педијатарот
После 3-3ипол часа огладнува од млеко, а после минимум 4 часа од каша. Околу 400-500мл пие млеко во текот на денот и јаде 2 пати од 200-250 гр каша.