Да така ќе дојде само оброци да има да не пие млеко и кај нас ако вака терам со втор оброк ќе треба да имаме само 2 подои во денот
Мајки, земав кашички на Хип едната од јаболко+слива, другата од круша, за да воведам слива и круша. Е сеа пошо нема сигурно цела тегличка да ја изеде, може ли да стои во фрижидер до наредниот ден, или да ја фрлам?
Прочитај на тегличката, некои смеат 2 дена, некои 3 дена по отварањето да стојат во фрижидер. Кога ќе даваш извади од теглето одредена количина за да не даваш директно од неа, така е најбезбедно
А колку мл ти е тоа млеко сабајле? И доручекот колку грама ти е? Тука можеш да смалиш на пример сабајле да му дадеш 150мл ад да огладне за 2 ипол саати, да изеде 150гр доручек за после 2ипол саати да сака да испие пак 150мл млеко. Таман ручекот ќе ти дојде кај 15ч да пробаш со грамажите да ги смалиш, а зголемиш оброците
Кисело млеко и јогурт можам бучен или Млеко од нашата фарма(или како и да беше)? Бучен за нас купувам ама не знам дали може на бебе
По 150мл пие млеко повеќе не сака. И тоа ја држи мин 3 часа сита. Еве сабајле испи 110мл и сеуште спие . Оброците и се околу 200-250 гр.
Не ти е лесно можеш едино да и направиш на пример би дала семолина со ад направена и овошје сабајле штом вака ти се успива. Па после во денот млеко пример кај 10 па да ти дојде таман ручекот кај 15ч-16ч...и јас правев триста комбинации со времето сега е ок... дури најдеш рутина
Мајки, сега со 6 месеци сакам нови работи да воведувам од програмот на педијатарката....Па следно сакам да е пашканат, кромид и брокула...Е сега бидејќи има 2 оброка Војдан дали новите намирници да ги воведам директно во ручекот или мора како вкусови да ги пробува прво ? Ова за путерот ќе паузирам до 7 месеци, ќе давам маслиново...Педијатарката ми рече може путер ама ајде ќе почекам со млечните работи да го давам од 7+... Да ви кажам дека ставам и неколку зрна сол во зеленчуковите каши за да не се толку блантави...
Подобро ад ставај му 30мл ако не ти ги јаде отколку сол. Многу е штетен многу е мало за сол. Конкренто за бубрезите е штетен. Кога ќе воведеш сега пашканат, брокула, кромид ќе добива на вкус.
Може. Кисело млеко Бучен му дадов првпат пред да почнам домашно да му давам. Сирењето со јогурт од Бучен му го направив. Белка ми рече педијатар со печени работи да воведам, не како жолчка. Блантаво ти е тебе бидејќи не си научена без сол, бебе врска нема блантаво неблантаво Солта е штетна за толку мало, вкупно 1 гр дневно максимум треба да прима, а бидејќи во сè има сол, се собира толку. Кромид, пашканат, целер, праз даваат вкус.
Ние мака мачиме со јадењето поточно со зеленчукот, овошје си јаде ама зеленчук воопшто не сака ни да помириса а не пак да го јаде. Уште нема цел оброк зошто борба водиме кога треба да се јаде. На кои начин им ги подготвувате зеленчуковите каши, јас од бебе готвач гледам и не сака никако, не знам дали може со млеко да му ги правам?
Зеленчукова каша со основа компир, батат, тиква, ориз или друга житарка. Малку тиквичка, китка брокула, пашканат тркалце, парченце целер, кромид, праз. И месо. Не мора сиот зеленчук што го набројав, менувам секој ден, ги ротирам. Пробај сув зачин направи, сув зеленчук изблендиран и како вегета ќе дојде само без сол. Млечни производи не се препорачуваат со месо, на пример, поради железото. Еве пробај некое овошје да ставиш, @Mila_Skopje така става за да ги јаде нејзиното.
Него му е слабо железото и докторката ми рече овошје да не му давам само на зеленчук да биде една недела, зелен и црвен зеленчук и црвена леќа. Вчера му направив леќа и само една лажичка касна со сила, денеска ми е спанаќ на менито па ќе видам како ќе биде, ако не го сака така што да му ставам? Јас ќе го направам класично со ориз и кромид.
Оли, дали прво со пробување како вкус да му ги воведам новите зеленчуци( пашканат, целер, брокула, кромид) или може директно во кашичката да му ставам по малку?