А јаболко, кајсија, банана...плус нели овие се препорачуваат за подобра абсорпција на железото? Ѕирни по нет сигурно има комбинации како поврзо да го качиш ама не би исклучила овошје
Можеш директно.Пашканат малце има мн јак вкус.За целер е рано .Целерот спаѓа во појаките алергени рамни на јагода.
Брокулата ја воведував 3 дена а другиве директно во ручек едно по едно па после мешано. Корен од целер дадов на 8+
На целер мислев корен од целер, не на зеленилото. Потребно е и витамин Ц за да се врзе железото. Месо не даваш уште? Колкаво е бебето? Спанаќ не може многу да му даваш, еднаш-двапати неделно велат, не повеќе. Јас од сè давам по три дена, така воведувам, ништо не сум дала директно поголема количина без да дадам претходно по малку. Сè е потенцијален алерген. Но може во каша да ставиш малку, не мора посебно само кромид или другото што го наброја.
Ај малку глупо прашање, ама како го користите путерот, не сум користела путер при варење? Дека зеленчукот и месото ги варам, да си ставам во водата наместо маслиново?
Белка воведов на 7ипол месеци. Првиот ден дадов пита со просо и јајце малце за ужинка. Вториот дена дадов мафин. Направив пауза два дена и дадов варена белка директно. Како што знам при печење на белката се уништува некој протеин, така што ако изеде печена можно е да не појави алергија ако има баш на тој протеин. Моја препорака е да дадеш повеќе варијанти-печена, варена, пржена. Ама прво печена како што кажа Оли.
Мене овој совет ми е чуден. Кајсијата има железо на пример, ц витамин се прима и од овошјето, џабе ќе форсираш зеленчук ако не прима доволно ц витамин.
Јас му ставам спанаќ во овошна каша. Планирам и со цвеклото исто. Зошто и мојот не сака зеленчукови ги прифаќа колку толку ако имаат кисело млеко во нив. Ни со месо не ги сака порано јадеше ако ставам и овошје во нив а сега ќе видиме. Што е интересно вчера му дадов купечка зеленчук си ј аизеде без проблем домашни не отвара уста ни да проба.
Наоѓам различни мислења за алергени(риба, јајца...), некои препорачуваат да почнеш порано, за да стекнело детето имунитет, некои да се даде подоцна. Како правевте вие? 6+ е моево, досега сѐ што сум му дала-јадел, иако знаел и да се мршти на некои храни. Има пробано тиквичка, морков, грашок, сладок компир, кајсија, праска, слива, јаболко, круша, пченка, овес... Едино авокадото одби да го јаде и не форсирав, престанав уште откако го проба првиот пат и се згади. Ах да, и лимон. И го снимав затоа што шмукаше и не изреагира воопшто.
Па и мене ми беше чудно, не знам дали ми го кажа ова само да се навикне да јаде зеленчук или поради железото. На бебе готвач имаше кашичка со просо и кајсија пишува за добар хемоглобин ама не знам дали да му дадам сега бидејќи ми рече само на зеленчук да е една недела. Друго каде да најдам сега кајсии, за свежи е многу рано, суви ќе завршат ли работа?
Твој избор си е што и да дадеш нема да згрешиш не можеш со сила да го тераш да јаде нешто што не сака. Со тек на време се ќе пројаде само време дај на бебе.Колку месеци има бебе?
За една недела 6 месеци ќе прави, и мене ми е тоа мака џабе го форсирам и го мачам само да вришти кога не сака, прета со главата десно лево и ја стега устата кога му давам зеленчук, а кога е овошје си го јаде со сласт дури и мљацка.
Јас суви давам од Дм био, ги варам колку да омекнат. Ти си одлучуваш за твоето дете, јас не би прекинала со овошје зашто ми нема логика.
Пробај во зеленчукот стави овошје или со к.млекце јас со алпско давам некој пат му мешам може ќе му се свиѓа така повеќе.
Слично е кај нас, со тоа што вечерното млеко знам во спиење да го дадам па да испие 180мл, инаку 150 е макс на гладно. Каша знае и 200гр да изеде, млеко не сака. Педијатарот ми рече дека 300мл млеко ако јаде е доволно над 6м.