Денес цвеклото го варев олупено и некако ми е чудно како сино. Сакав да го замрзнам. Дали е ок да го замрзнам или требаше со лупка да го варам?
Дали имате давано вакви кашички? Пишува паковано 2018, а рок до јули има 2021. Ама она 2018 некако не ме бендисува, ми ги донесоа ама не знам дали да дадам. Едната ја отворив и ја фрлив. Па реков да прашам за мислење ...
Мајки бевме денес на контрола кај матичната.Ја мереа и дефинитивно слабо напредува.Родена 3100( од болница 3000) а денес 4 месеци и 17 дена без неколку грама 6кг.За два месеца она има качено само 800гр.На доење сме,АД не прифаќа никакво ниту шише.Мене млекото дефинитивно ми е намалено и многу често се буди ноќе,а градите меки,си мислам на празно влече. Ми рече да почнам со дохрана со кашички.Е сега рече компир и ориз не сега,ради скробот.Искрено не разбрав зошто не,кога тие се меѓу првите намирници што се воведуваат
Проба со бејбилов млекото? Обичен компир не давај, а батат можеш да дадеш меѓу први намирници. Батат,тиквичка,тиква,морков,карфиол,брокула.Од овошје јаболко,круша,банана,праска,слива. Почни со овие па после ќе воведеш ориз,гриз безглутенски.
И ние макс. 500мл е последниов месец...Вечерва и откако заспа не сакаше, ми се будеше, а последен оброк и беше во 14.30, нема шанса да не е гладно или жедно, не сака ни друга течност.
Јас од кашичките дадов 4+ што се освен таа со јагода.А кајсија не му давам ми повраќа од нејзе. Има една со праска и банана таа ја обожава
Го користам овој за бебе, баш е вкусен, и мене ми се допаѓа Го потопувам со жешка вода, отстојува да набабри и спремен е за каши.
Видов некаде дека може и печен во фолија, па јас така планирам да му воведам. Некоја го приготвува на ваков начин?
Палентата на био или овесните снегулки може да се направат со ад за кога ќе се воведува понатака вечера? Или не