Мајки ние веќе 2 недели сме на вкусови пробување ама малата кога ќе види лажица ја затвара устата и ја врти главата со сила некако и давам, никако не сака. Одвај 3-4 лажички и се берат, а наскоро ќе треба да има оброк, не знам како ќе го изведам да изеде се. На гладно секогаш и давам, не сака. Кај сите ли е вака или треба уште време да помине да се навикне?
Ние веќе цел месец се мачиме со храна и уште немаме цел оброк, за неколку дена влегуваме во 6ти месец и многу ми е тешко секогаш кога му давам храна бидејќи борба водиме и се е со сила, не знам дали е до детето или што беше во скок па поради тоа ми одбиваше, кога почнавме многу убаво ја прифати храната и се израдував реков еј супер нема да имаме мака за јадење и после се се смени. Сега едно прашање имам, сега јадеше кашичка од морков и јаболко скоро пола тегличе го изеде и ми заспа, после кога ќе стане да му дадам млеко или пак да му ја понудам кашичката и да ја сметам како оброк 120гр е, да не е малце не знам, бидејќи он млеко си пие по 180мл.
Може да ама морало да биде со лушпа па после тоа да се лупи. Нешто со нитрати/нитрити имало врска, читав во хрватската група
Не знам зошто мислиш дека слабо напредува - некои ‘правила’ викаат дека на 6 месеци треба да ја дуплира родилната тежина, а твоето на 4 ипол ја дуплира. Качувањето на тежина не мора да значи дека ќе биде линеарно секој месец, нормално е да не напредува исто секој месец. Важно е да полни пелени и тоа секоја да е мочкана, а кога кака да биде тоа со златно жолта боја. Доено дете може да кака и еднаш на неколку дена, така што фреквенцијата на какање не треба да е репер туку бојата. Во однос на будењето навечер - бебето расте и поминува низ различни фази на развој - скокови, соништа, зголемување на активности во текот на денот, а денот они си го доживуваат втор пат кога спијат. Плус растат, па им се зголемува и потребата од млеко. За среќа колку повеќе цица, толку повеќе се произведува млеко, па не мислам дека имате проблем. Дополнително, меки гради не значи дека немаш млеко. Доколку сакаш да продолжиш да доиш ти препорачувам почести подои, повеќе вода да пиеш, овесни снегулки да јадеш, да одмараш и спиеш колку можеш повеќе. Секако твоја е одлуката како ќе продолжиш - дали со ад, дали со кашички и што и да одлучиш ќе биде правилно бидејќи твојата мајчинска интуиција ги носи вистинските одлуки за твоето бебе. Целта на напишаново ми е да те смирам и да ти посочам дека по тоа што го имаш пишано не ми изгледа дека слабо напредува бебе... Гушки до двајцата и те чекаме да слушнеме што ќе одлучиш
И моето на 4+++ ја дуплира родилната. Колку пати имам пишувано тука, дека се случило за 20 дена да качи само 400грама а потоа за 5 дена 250 грама и тоа во првите месеци. @Love86 Него, сакав да прашам, до пред месец дена (4от скок) бебе какаше секој ден по 2-3 пати, потоа почна по еднаш дневно а сега веќе кака еднаш на неколку дена. Од понеделникот не е какана, ама и давав банана тогаш, а вака па не изгледа дека ја мачи и дека има запек...Не е мерена, мислам дека околу 400гр има напреднато за месец дена (мерено дома на вага) ќе видиме утре на контрола. Секоја пелена е мочкана. Вака е весела си игра, се буди еднаш ноќе. 5месеци 10 дена. Океј ли е?
На бебесупермаркет ги барав ги немаше и си ги нарачав од firstcry (не живеам во Македонија). Тоа @kukla21 може да каже, ги немам користено. Она рече дека е задоволна.
Некој да зимал урда(рикота) од Млеко од нашата фарма? Има 0.5гр сол на 100гр па нз дали може да ја давам.
И кај нас беше така, кога ќе почнеш со цврста храна се менува и столицата. Само јас не оставам неколку дена да не е какан се си мислам да не го мачи па ако не кака 2 дена одма давам слива, круша или чајче бекутан малку д испие за да се олесни, а од кога почнавме со вкусови некогаш кака 2 пати дневно некогаш еднаш некогаш ни еднаш.
Ти благодарам многу на советот.Инаку малата не цица будна никак,колку и да сакам да зголемам подои неможам.Пелените не се скрос полни,си кака редовно ама не е обилно,понекогаш само како да е извалкана пелената. Пијам чаеви за доилки и лактил капсули и јогурт со овес еднаш дневно или за вечера или наутро. АД и да сакам неможам да дадам,не прифаќа никакво млеко ниту пак шише. А за градите кога се меки не влече,како да чека само да и тече млекото и кога цица дополнително стимулирам исто како да се одмолзувам рачно за да и тече.А во врска со килажата нема точно 6кг,а за месец време она треба да качи уште 300гр.Се надевам ќе ја дуплира.Кога ја гледам вака ситна си мислам имам гладно бебе Се изнамачив веќе ...
Здраво бебето ми е 5++ и скоро почнавме со пробување на вкусови. До сега имаме воведено компир, морков, јаболко и слива, но ни се јави запек, па ме интересира што давате за да може полесно да се олесни?
Киноа како приготвувате,ја ставате од вечер во вода или ? Колку количински ставате и со што ја комбинирате ?
Мајки ќерка ми е 5+ и до сега и' имам воведено 120гр оброк. Сакам да прашам ориз, гриз, палента и овесни снегулки од кога можам да воведам и како да ги комбинирам? И после колку време од воведување на прв оброк се воведува втор?
Мамички ајде помош ... Дали може од овие модри сливи да давам? Баба купиле едни ама видов дека имаат конзерванси и не сакам ги давам.