@Mila_Skopje @0ли Со рачен блендер ама немам посебна чашка за него и прееска во подлабоко тањирче кога ми се разлетаа ќе пробам со подлабока чаша. Ја не ги сварив ги потопив сега гледав во хрватската ставила една слика баш исто така ми испаднаа и мене ама ми беше страв да не му залетне и ми ржеше
Дали некој става тетрапак млеко во кашички 8 + ?? За неполн месец тргам на работа ,бебе ќе биде со свекрвата ,а за неа добра храна е само млеко со бисквити... Или шише млеко пред спиење за да не цица палецот . Значи секој божји ден се убедувавме дека не мора млеко ,дека доволно е да цица наутро пред да појдам и поручек кога ќе се вратам НО ,СЕ Е ЏАБЕ , упорно секој ден навикни ја на млеко слушам. Па страв ми е да не и даде кога се сами и да направи беља па си велам подобро да и го воведам јас. Ме интересира како се дава , знам дека се меша со вода ,во кој сооднос ? Исто комбинации за жолчка ? И од колку месеци се дава Лино лешник ?
Дали жолчка воведувавте по 1/8 првата недела, 1/4 втората недела 1/2 третата недела и цела 4 тата недела 2 пати неделно ? Дали ја дававте во ручекот/зеленчук? Фала ви
Прв ден ставив1/4 ама кога се растопи во палентата ж од жолчка не видов. Еден ден пауза ,па половина ставив,си изеде без проблем. Пак еден ден пауза и пак пола. Сега веќе по пола ставам. Ама за комбинации стварно немам поим ...
@Milkiway Јас би ти рекла ако јадел покрупни житарки да продолжиш така да му спремаш. Таман да почнеш да го навикнуваш на покрупно, па после и парчиња. Многу деца се гадат ако не е мазна кашата, ти изгледа ќе имаш среќа со твоето Инаку, јас како Оли правев. Купував житарки и одма ги мелев, ставам во тегла и на пример понатака и за мафини, палачинки имаш брашно од овес, јачмен, рж спремно зависи што ти треба.
И јас баш на тоа помислив викам ич да не му ја менувам пак ќе ја направам така следен пат. Језда се препотив додека ја јадеше. Супер идеја за понатака ќе направам фала ти
Дали давате селски домашни јајца или од продавница? Негде прочитав дека селските јајца можат по лесно да развијат алергија. Денес дадов селски незнам што е паметно :/
Селски домашни давам цело време, од луѓе што одгледуваат кокошки само за себе, досега од продавница не јадел.
Јас така скептично пристапив со кајсии за првата ќерка. Само со вода, во тегли ми беа и беа одлични по 6 месеци. Нит конзерванси, нит шеќер имав ставено. со врела вода го попарувам 10 мин да отстои. Не се бленда ептен мазно, ама меко е јас не. Ми кажа педијатар битно е да е малку по малку, да не е наеднаш, а тоа осмини, четвртини, некој го измислил за да го квантифицира тоа малку по малку.
Ништо, само вода и навистина се супер овошките, компот за мерак. И сокот ми е убав. Цела зима му ставам во кашите покрај тоа што јаде свежо сезонско овошје. Со години претходно за себе си правев и сега продолжувам за мали. Понатаму за ужинка ќе се најдат зимно време за освежување, ќе правам и годинава обавезно.