А битолското од кај знаеш дека ќе го пие ако не сака адаптирано? Ќе пробаш неколку млека пред 12м не се препорачува да се даде. Е сега твое си е да одлучиш како ќе правиш. Не може друг за тебе да одлучи.
Не можам да сфатам извини...Друг да одлучува за моето дете и да му подметнува нешто за кое сум против, па нема да ја видат. Пак ќе речам извини не знам какви ви се можностите и односите али ја би попрво градинка него вака
Па и јас попрво градинка ,ама немало место ,не се запишувале сега тек септември итн. Значи врска тоа ми го кажала " и од брат ми да е нема упис сега". А како што напишав во однос на млекото месеци уназад ја убедувам дека доволно е да цица кога сум дома. @Milkiway инаку не знам дали ќе пие кравјо ,ама додека пробам нема да знам. Камо и да не прифати барем ќе имам "оправдание".
Денес најново беше ,јас жолчката во млеко им ја ставав ,дај и млекце најдобро е за бебе. Затоа се сомневам дека ќе и даде уште одма. Па се решив тука да пишам барем правилно да е разредено.
Пробај неколку вида адаптирано hip, aptamil, bebelan..., плус се збогатени со витамини и минерали. Кажи и на свекрва ти ако сака да го чува ќе му дава ти што ќе кажеш, а не да паметува.
Аман колку се најдосадни на цел свет со тоа кравјо млеко. Од 7 месеци кога беше бебето слушам приказни колку е здраво. Јас дури добив совет да му измелам бисквити во млекото и со шише да пие. И со убаво и со лошо кажав и џабе, како расипана плоча си вергла. Уште малку планирам на малиот да почнам кашите со кравјо да му ги правам, па ќе ја викнам на свечено пробување да и се наполни душата.
Како ги правиш компотите 0ли? Полниш овошје и вода во тегли, па со убаво затворени капачиња ги вариш во тенџере со вода? Треба да се скроз залеани во вода и колку долго се варат? Можеби пак друга е постапката јас никогаш немам правено ..
Може и во рерна да ги ставиш теглите, еден час на пониска температура, и да си стојат внатре дури не се излади рерната. Како вакумирани се така.
Полниш тегла со овошје, полниш со студена вода, затвораш. Ги ставаш теглите во длабока тенџера, ставаш вода догоре и пушташ да варат. Пред да ги ставиш на рингла, може меѓу теглите да ставиш крпи за да не испукаат. Треба да вријат околу 10 минути, тргаш од шпорет, оставаш да се изладат, ги вадиш теглите, ги бришеш и складираш. Многу едноставно, а без никакви конзерванси. На истиов начин и цели домати, на половинки и пире од домати зачував.
Имаш 3 опции: Првата е да попуштиш и да дадеш, препораките се најрано од 9месеци да се дава Второ да кажеш си дала и сте завршиле на лекар од алергиска реакција. Трето да му кажеш на маж ти дека даваш отказ зошто нема кој да го чува бебето и како знае и умее да ве издржува финансиски. Па ако му е стало до твојата работа и плата нека си го решава проблемот со мајка му.
Мајки како успевате да дадете просо? Сакам да давам, полно е железо ама во секоја комбинација ми ја одбива кашата. Денес пробав само со слива бидејќи ја пбожава, ништо не изеде дали 2 лажички. И ви успева ли некако блендирањето на просото?