Моево обожава просо, може дека уште на почеток му воведов. Го варам до распаѓање и порано го блендав скроз мазно испаѓаше, сега така му го давам. Ако имаш воведено малини пробај така зашто баш убав вкус има.
Јас го давам со кајсија и спанаќ, со банана и авокадо, со слива и јаболко не сум пробачала дали со зеленчук ќе го јаде. Ама го варам и потоа некогаш блендирам некогаш не ама го јаде и така и така .
Мајки бебе е 8++ и треба да почнам да и давам вечера. Бебе е алергично на кравјо млеко, значи не смеам ништо што содржи млеко во прав и ад. Прашањето ми е за мајки кои дојат, дали млечна каша правите со ваше измолзено млеко или ад( кај нас ќе треба специјална формула) и колку време после вечера цицаат малите?
Со вода си ги правам ноќните каши на хип вечера ни е во 18 часот цица во 21 некогаш и порано...во 21 заспива
@Katerina94 јас другата недела ќе дадам првпат просо,планирам со банана да го дадам,таа е поблага и поголема е веројатноста дека ќе го прифати полесно. Понатаму и со друго овошје ќе комбинирам. А и на бебе готвач е препорачано просото прво со банана да се даде. Амарант кога дадовте?
Киноа и амарант ги планирав од 10 месеци ама уште немам дадено. Немам навика зашто јас не јадам и стално заборавам.
Немам дадено сеуште. Имам пробано просо со банана и авокадо, само со банана, со слива, во зеленчукова со морков и тиквица. Само не успевам да го изблендирсм мазно, нутри булет имам тој златниот. Мислам така ќе го јади
Фала ти, ќе почекам уште за малини. Тогаш и така ќе пробам сега спомнав, не ми успева блендирањето, мислам дека затоа одбива. Што користиш за блендирање?
@firequeenn амарант дадов сега на 7 полни месеци и преубав е. И јас првпат јадев, многу убаво делува на столицата
Мајки, вчера Војдан наполни 6 месеци...Еве една слика во неговото омилено Ролинг Стонс комплетче... Да се вратам на темата. Последниве 3 дена воведов пашканат како нова намирница. Следна ми е кромид, па сакам да ве прашам дали дадовте млад или стар кромид и колкаво парче ставивте во кашичката? После кромидот следи брокула и карфиол...
И јас сакам да ставам се прашував дали без ич шекер може и дали полна тегла овошје или повеќе на вода?
Мами јагнешко мевце од кога почнавте? Имаме домашно јагненце цело, и од кој дел дадовте мевце, дали можам да замрзнам во теглички ме интересира. Замрзнувам пилешко изварено, неможам да варам по 3ч преку ден за оброк користам домашно петле, дента кога давам го проварувам пак со зеленчук . Имам дадено и телешко. 7м сме и не сме љубители ниту на мевце ниту на зеленчук, али се трудиме
Прв пат стар дадов ,го варев на пареа исто со се' друго а парчето беше баш мало, колку еден поголем нокт Не знаев и јас баш колку треба за прв пат.
Ниедно ,решив да не давам ,таман на 9 ќе ја оставам па ако нешто даде додека ме нема не дај боже се случи нешто нека се мисли кај ќе се пикне од син и
Мајки За проба бејби биф колку грамажа давате сакам одделно да го замрзнам. Замрзнувам свежо обично, дали можам и сварено?
По 50гр. Јас планирам да го сварам на парчиња по 50гр и да го замрзнам така во кесички по едно парче. Заебанција е може ама бар нема да правам замрзни/одмрзни