Денес дадов јаболко тикв и гриз се ми е веќе воведено а се направи жар црврн после 3 лажички на лицето, може да е алергиска реакција? После пола саат се смири. Само јаболкото беше купечко а досега домашни сум давала, плус и со атопичен дерматит ми е сега цела сум во прашалници што од ова му направи реакција
Ние сега се спремаме за цврста храна и читам постојано во темава, да се навратам педијатарот ми рече кога ќе почнете со дохрана црвенилото на лице, околу уста не се смета на алергија. Алергија е ако има по тело
А околу устето што е ти кажа пошто досега не ни се случило, а дека брзо се изгуби реков да не ја замарам во недела педијатарката
Машкиот близнак имаше реакција околу устето од спанаќ. Кога консултирав педијатар ми рече да не давам сируп против алергии само ќе се повлече дека е само краткотрајна реакција и така испадна го снема за 15 мин. Потоа почнав по малце 3 пати неделно по 3, 4 ливчиња да ставам во ручеците и се навикна, сега нема проблем.
Мајки денес прв пат ќе дадам батат. Никогаш не сум варела па ме интересира дали прво го лупите па го варите или го варите како компирот, со лушпа?
Претежно к.млеко и добро му е на стомачето од него.Алпско давам тоа највеќе го сака зошто не е кисело како другите.И јогурт му имам ставено неколку пати во каша.И урда имам дадено. Комбинирај си ги еден ден месо еден ден млечен производ.Како сакаш ти така.
Од другата недела докторката ми рече можам кисело млеко да му воведам, па освен со спанаќ со што друго можам да му го комбинирам?
Морков и тиквица кога давам и к.млеко ставам.Обично за тие комбинации што му ги правам што не му се омилени ставам к.млеко па така се ми јаде
Буквално со се! И за ужинка давам со овошје , како овошен јогурт. Кога ќе воведеш само по себе ќе ти дојдат идеите
@Milkiway за проба имај си парчиња и од по 20 гр. Како за првпат и вторпат некако многу ми е 50 гр месо,што знам Јас од водата кај што се варело ќе замрзнам во куглици за мраз а месото во поединечни кеси порции за по 1 оброк. Палента со што комбинирате а да не е млечно или жолчка бидејќи рано ни е за нив
Мајки малата јаде само мазно блендирано а е 8+. Сакам да пробам да и ставам парчиња пред неа да видам дали така ке јаде, па ме интересира што можам да и дадам??
Фала ти така ќе замрзнам полесно ќе е... Инаку палента со овошје ја комбинирам. Некогаш кога сум била во брзање сум му давала палента и ад ќе дотурам колку да добијам густина и така ја јадел