Дали секој ден давате овошје за доручек? Или можам на пример каша само од овес со ад, палента со ад, житарки?
И јас малку се збунив, овде сум член на една група за бебиња, абе италијанките од старт сѐ даваат. Рибата дури и за вечера на 7,8 месечни бебиња.
Тоа е олеснување и за некој викенд Мене таргет ми е недела да не готвам Препораките се да се дава се што е типично за поднебјето. Италија е морска земја, затоа и нормално е да се дава риба. можеш риба. Само со бела почни.
Леле да! Цел ден однапред мислам како да се организирам со тоа кашите за да можам да ја прошетам и после трчај дома.
Просо од биокосмос имам земено јас во зрна.Се кисне од вечер.Водата ја менувам неколку пати да се измие убаво. Утрото се проврива во вода сооднос 1:3 околу 20 мин.Во комбинација со овошје. Ако не ти се блендира убаво има на Холе мелено просо како брашно,можеш и такво, викаат мајкиве вкусно било и тоа. Брокула му немам дадено се уште.
Може помош? Досадна сум колку треба да ставам за да воведам пример овес? и што прво да воведам? овес, пченка, спелта?
Пченка е палента мислиш пченица Овес 1 супена ти е таман за старт. Потопуваш со врела вода и чекаш 10 мин. Исто и со гриз од спелта, една лажица и100 гр вода и вариш дур не згусне
Ѕирни на биокосмос дали имаат можеш и на страната да видиш, знам дека они имаа широк спектар на тестенини и брашна.
@Vojdana Просо имав прво на Биокосмос, па откако го потрошив, зедов од ДМ. Многу поубаво и почисто ми е тоа од ДМ.
Мајки земав од Зегин вакво просо...Се надевам ќе биде добро. Пишува дека се вари 30 мин во сооднос 1:4 со вода...Утре сабајле ќе му направам една супена лажица со овошје...
Денес прв пат дадов овес како каша со јогурт и овошје. После тоа искакала помека столица а татко и и дал слива за ужинка (не бев дома за цицање) и сега пак столица помека ама не е пролив. Некој сличен? Одма ме фати паника да не е од глутенот
Од јогурт и други такви намирници какаат повеќе не се секирај ради пробиотиците внатре . Кога му давам к.млеко или јогурт по три пати кака и некогаш знае и златна да е каката. Не се секирај