Од кога воведов месо во исхраната помалце јаде количински за ручек.Предходно стигаше и до 200гр само зеленчук, а сега до 150гр максимум јаде. Нормално е ?
Исто е и мојов. Јас се грижев сега веќе не се замарам колку му се јаде толку. На сила не го бутам. Супер напредува.
Преку ден давам месо, ротирам телешко и пилешко, пиленце домашно, ке почнам и јагнешко, а намириса месо јаде со молење, на неколку пати ми упали со младо кромидче во кашичката ми јадеше, ама во повеќето случаеви јадњ помалку од месната каша... Сум пробала житарки и овошје за ручек си јаде 150гр, ама месово штом е на мени јок
@Mila_Skopje не значи од глутенот да е. Ако убаво го омекна овесот, се прават како лиги кои се добри за мешето. Мојава по 3 пати кака. Ако не се дува мешето, нема мака, нека кака
Почнуваме со ручкање со полни 5 месециии! Молам девојки препорака за кашички: Хип, Холе или Бејбилав??
Добро мајки, до кога трае ова неотварањево уста за храна? А види лажица и одма се врти со главата на другата страна, ми ја бутка лажицата, борби водиме и лом се правиме. Одвај 25 грама ако изеде. Веќе 3 недели пробуваме вкусови уште немаме оброк. А и давам на гладно, џабе. И ставам во уста лажицата, со сила пошо не ја отвара, ќе си помљацка и плука. Упорна сум додека не почне да плаче, кога ќе почне да плаче престанувам. Прееска јадев банана и и дадов да лижне, кога се пушти да ја лиже, гризи....ама и ја тргнав ми беше страв да не откине парче. Мала е за да јаде парченца нема 6 месеци, не седи стабилно. Слабо напредуваше последниов месец, а цица...
Да пробаш со шмукалче да и стискаш по малку колку да се навикне на храна, па после полека кога ќе седи постабилно со лажиче и пасирано, не блендано. Може не сака блендано.
Спојлер Не сум видела чист вкус, само комбинирани ама штом веќе 3 недели пробува веројатно комбинираш храна.
Почнавме и ние со вкусови. 5 месеци беше на ексклузивно доење и намерно ја чекав контролата во 5ти месец да видам што насоки ќе ни даде докторката т.е сестрата (овде медицинска сестра ги врши месечните контроли). Таа пак да ти се води по "тефтер". Никакви конкретни совети не ни даде, рече со прст брцајте од вашето јадење да вкуси и да осознава повеќе вкусови . Не ни кажа со што да почнеме, како да продолжиме, какви комбинации итн... и видов не видов завчера и дадов морков варен да проба-го бендиса. Вчера круша-не беше воодушевена. Денес кашиче од банана и јаболка купено- во тањирче ставив 4 мали полни лажичиња и скоро цело го изеде. Првин сакаше па неќеше, после некој саат пробав пак и се зајаде детево, остана уште половина лажиче недојадено. Ама многу ми е смешна со фацичињата што ги прави. А онака на прст да лизне и имаме дадено компир печен, леќа манџа , и банана. Утре се мислам пак морков да и дадам.
Истиот муабет и нас, да лизне од прстот од тоа ние што јадеме, понатаму после 6тиот месец може порција, ама претежно на млеко да биде. Беби мој си гнете уште од петтиот месец. Него, риба кога? Месо?
Овде велат што порано тоа подобро т.е не покасно од 1 година. А глутен да се воведе до 6тиот месец најкасно. Во мк се воведува прво белка после 7ми месец, ако грешам нека ме поправи некој.
Комбинација хаха шала на страна, јас почнав по насоките наведени на livsmedelverket, но со алергени не брзам на пример јајце ќе давам прво жолчка, јагоди ќе дадам понатака итн. овде приметив некои од готовите кашички од 4+ се со јагоди