Јас сите појаки алергени ги воведов пред година освен кикирики зашто не ми се брза, има избор за јадење. Јас би ви рекла да воведете прво жолчка, па белка и многу повеќе опции ќе имате за храна. Дали на 10 или на 12 месеци ќе дадете белка според мене нема некоја голема разлика.
А телешко? Пример кај нас прво со тоа се почнува @PurpleMind мислам тука беа нашиве негде. Јас дадов веќе baby beef сега следно мисиркино а пилешко само од готови кашички ќе дадам, немам домашно. Купечкото не се препорачува до 12+
Купи првин само една кашичка од пилешко види дали ќе ја сака. Моево нејќе да ја види, а и мене не ми мирисаше убаво.
Да така и мислев. Тоа ептен за да имам комбинации за излегување. Му дадов хип од телешко за чудо ја изеде, внук ми ич не ги јадеше готовите ни со месо ни зеленчуковите.
Здраво, од која месец почнавте со воведување на вкусови? На последната конгрола педијатарот ми спомна 6 месеци нели е тоа многу касно..
Ако добро напредува, таман е. Супер за педијатарот што не форсира цврста храна. мојава вчера за чудо скоро цела ја изеде на холе тиква и пилешко.
Мене педијатарот ми кажа од 4 месец без некоја причина, со мм одлучивме да даваме после 5-ти, бебево супер ми напредува нема зошто порано. Ако ти напредува, поготово ако ти е и на доење 6 месец е таман за да почнеш.
Мајки прашање кога почнавте да пробувате вкусови дали може овошје па зеленчук или треба орво овошје па после неколку вкусови зеленчук?
Обично прво зеленчук пошто овошјето полесно го прифаќаат иако мислам не е некое правило јас давав ден зеленчук ден овошје
@ni.na сите ми рекоа прво со зеленчук ама мислам се е до организам нема врска што би се дало прво, читав дека јаболче е најмалце алергено и затоа викаат со него @forumce супер така и си мислев ќе давам најизменично
Нема веза јас почнав со зеленчук па еве го сега не сака да го смисли . Славам кога ќе ми изеде цела зеленчукова каша
Обично повеќето бебиња повеќе сакаат благо т.е овошје. Нема врска дали прво пробале зеленчук или овошје