Заедно со водичка или само месото? И дали Оли вариш со месото и пашканат,морков,кромид или одпосле ставаш?
Водата посебно јас ја замрзнувам во калапи за мраз и потоа смрзнатите коцки во ќесе ги префрлам. Со месото не варам ништо, само месо. Кога му правам манџичка, тогаш варам тазе сè друго, а го загревам на кратко месото со коцки замрзната вода.
ај мала помош, сум заборавила како беше за втор оброк. Вториот го пефрлив околу 13часот после спиење, од сабајле уште пробува вкусови. Е сега ако давам сабајле нов зеленчук со житарки, после на пладне овошје да дадам? збунка сум малку
Земав кашичка хип со пилешко ама ќорла сега видов патлиџан дека има. И сега можам на 7м да му дадам патлиџан да проба? И како го воведувате?
Јсс му воведов на 8м, со таква кашичка. Има многу малку патлиџан во целата баш види на составот колкав процент е.
Мојот педијатар вика на 8. Ама ако гледаш по препораки на сзо, се можеш со 6. Така да, ако ти била планирана давај ја. Јас го ставам или на пареа или во манџиче. Свеж не сум дала.
Мајки, има некоја што вовела белка од јајце околу 8ми месец? Жолчката веќе ни е воведена, сакам да проба и белка ама на два ума сум. Сака и таа да јаде од кифлите, пројата што ги правам за нас, заради белката не може, а се оближува жалната
Понуди и Можеш да дадеш. вклучи се во Хрватската група има многу совети за ова. Даваат и многу порано.кај нас останало она белка после 1 година и сите се држат до тоа.
По сѐ изгледа ќе дадам, се убедив Не за друго, мерак си има за месено (на татко и е ) а и ќе ми помогне и мене околу спремањето доручек/ужинка, ќе може освен овошје и јогурт да дадам и друго.
Повеќе сака парчиња, како ги врти, сука низ уста чудна ми е. Малку ми е страв (со брат и блендирав до 3 год.) ама она повеќе е заинтересирана за нашата храна отколку за кашите, и ја оставам, главна е на маса додека јадеме, почна да вика ам, ам
Почнав со Хипп див лосос јаде еднаш неделно од 10 месеци,откако наполни 11 месеци и дадов малку пастрмкаа да видам дали ќе сака,па здравје планирам да и дадам наредна недела повеќе
Ми остана просо па напрајв пудинг за нас може ќе се најде на некоја што има кравјо или кокосово воведено: 9 лажици просо 1 чаша млеко ( кравјо ставив може кокосово) 1 чаша вода Откако ќе се свари се додава 1 лажица какао и се блендира. Е сега вака ич нема вкус ја додадов за нас малце бисквити и шеќер во прав. Добро е ама ако има некој идеја што друго може да се стави за да биде повкусно кажете. Читав добро е просото за мигрена па да видам дали ќе ми помогне .