Мајки може ли искуство за воведување на храна? Колку дена се воведува и кои намирници? Зеленчук или овошје прво? Се прави ли пауза меѓу 2 намирници? Од кога оброк? На што да внимавам? Готови или домашни за пробување? За некој ден ќе правиме 5 месеци па сакам да почнам со пробување вкусови..
И ја не планирав да го давам ама прочитав дека е здраво и викам ајде плус ми фали безглутенска житарка
Смеам ли воведам кисело млеко со Алпско 4% масленост? Вие кое го воведовте? Гледам состав има млеко во прав, тоа ли е проблем?
Јас само тоа го давам. Бучен козјак му беше многу кисело. За понатака имаш и 6% овчо кисело млеко исто на Алпско.
Мајки 6+++ сме жолчка можам да воведам? И како ја давате чиста или во храна да му ставам првично 1/8?
некое овошје? Суво ќе даде баш блажина, сливи или кајсии. Урми се топ за блажина. а со свежо овошје исечкано мислам би дошло супер - банана, јаготки би ми биле прв избор
Јас почнав прво со зеленчук па потоа овошје, а знам некои даваат наизменично. Една намирница давав по три дена, пауза не правев. Само домашно за пробување според мене е најдобро. Препорачано е да се даваат вкусовите пред 12ч ради алергии.. Оброк воведов од кога испробавме се. Дадов морков, тиквичка, батат, компир, јаболко, банана, круша, праска и кајсија.. Педијатарот ми рече за брокула и авокадо да почекам бидејќи брокулата им стварала многу гасови а за авокадото искрено не памтам. Уште малку ќе прави 6м и тогаш ќе и ги воведам и тие.
Јас воведов телешко, па мисиркино, јогурт, кисело млеко, моцарела, жолчка, па пилешко и после останато млечно и белка. Во меѓувреме воведував и други намирници кои не се алергени и на крај риба. Всушност воведов скоро се пред година вклучувајќи путер од бадем и лешник, јагоди и сега веќе се опуштив му давам и други јатки, мед во тесто, само кикирики немам дадено. Најдобро е следно да дадеш месо за да има убав ручек.
Белка на околу 9 месеци, првите 3 пати во тесто (кифличка, палачинка, проја) и после омлет Обожава мојов јајце, кога јаде за доручек после не сака ни ужина, ептен долго го држи.
Мајки, бататот ни стана крал на кашичките...Обичен компир скоро и не давам, видејќи ем е блантав, ем не толку хранлив..Бататот дава блажина на кашичката, па со него ставам секаков зеленчук како пашканат, кромитче, морков, тиквичка... Тешко ми оди со воведување на нови намирници. 6++ е Војдан сега... Од брокула се откажавме. Од утре ќе воведувам карфиол и авокадо па да видам како ќе ги прифати... Ќе почнуваме во кашичките да ставаме вода од варено месо и според педијатарката тоа треба 2 недели да го правиме и најдобро со телешко да почнеме па после домашно пилешко. Маж ми тврди дека обратно рекла педијатарката...Кој да памти све веќе? Спанаќ и блитва не се осудувам да дадам сеуште иако е дозволено во програмата... Бататот не мора органски да го земате, бидејќи читав дека не се третира со пестициди.