Може да за од 4м мислам се овие. Само се дава разредено со вода знаеш тоа мислам пишува на нив. Читај го оригиналното упатство, на тоа на МК нешто глупаво ми беше преведено за разредувањето со вода, ако не се лажам... Инаку сум ги користела и место ад ако ми затреба потечна каша чисто 10тина мл
Го киснев ама го ставив во тегличка и во фрижидер. Од биокосмос е, кога се свари ок беше. А да прашам, домат дали варите при секој оброк или само на почеток (или не варите)? И пиперка дали свежа или и таа варена?
@kjofti4 Да 9+ сме . Сакам пиперка,домат и друго не знам што можам да воведам сега? Можеби за еден месец ке треба да оди во градинка а таму се им даваат исто јадат како поголемите само пасирано
Модар патлиџан, домат, еве и пиперкиве... Јас имам печени и замрзнати. Не сум видела. Можеш зелена да дадеш. Јас следна таа ја планирам За полнета пиперка.
Мајки прв оброк (5+++) колку гр треба да биде? И дали давате со житарка или може и мешано зеленчук/обошје без житарка?
Најмалку 100 грама, а во просек е 120-130 грама еден оброк. Ако воведуваш доручек како прв оброк давај житарица со овошје. Од житарица имаш пченка и ориз на Хипп или па органско просо можеш откако ќе воведеш пченка и ориз...
Ние сме 8++ уште сме на блендирано од кога воведовте пасирано и покрупно за џвакање. Ми е страв да му давам тек сега има запче
не знам значи како ќе успеам да воведам цел оброк. Ептен ништо не јаде, уста не отвара, бега со главата. Една кашичка од 120гр, 3 дена ја јаде. Пробано и блендано, и пасирано, и лажичка и сменав, и топло, и ладно, и поретко и погусто. Не и не и не. Еден месец како пробуваме вкусови...Не знам што ќе се прави. Кај што ве читам како ви јадат бебушките од 5 месеци, ќе паднаж во депресија значии
Јас планирам следната недела да почнам со прва каша. Бебче ќе е 4 месеци и три недели. Мислам дека не брзам, ама намалив со измолзување и повеќе е на ад. Мислам дека е спремен да почне да пробува вкусови полека. Со каква капа почнавте вие и колку лажички се дава првиот пат? Дали после тоа одма се дава млеко?
Немам пробано ама мислам не е до тоа. Имам замрзнато мое млеко ќе пробам така ама она не ми дозволува да и доближам лажица, не знае што има во неа...
Чим имаш замрзнато уште подобро почни така. А да ја оставиш со храната во хранилка да брца прсти нешто да игра може ќе почне со прстите во уста па ќе осети вкус
@Lovebug01 моево покажува темперамент и кога не му се допаѓа кашата нема шанси да го залажеш некако,да му подметнеш Одма прави фаци,турка со раката,р'жиЈас имитирам дека јадам пред него, пеам, изигравам кловн па едвај некако ќе дотераме да изеде нешто со занимација. Со благите немаме проблем, си ги јаде без преговарање. Да пробате прво со поблагите и ако ги сака постепено да намалуваш на овошје.Земи некоја играчка и нека си игра со неа додека јаде. Јас денеска ќе му дадам Хип пченка, ќе ја искомбинирам со овошје.