Исти бевме, сега е 11++ и се уште е така. Со сила и немаме сеуште ни еден оброк пошто само турка, плаче и не сака да јаде. Сега јаде само краставичка, и палента или тарана со сирко околу 80гр тоа е максимумот.... Се поболев од шо не сака ништо да јаде само фрлам секој ден.
А како е со килажа? @Milkiway шмукалчиња мо е следно на листата за проба, ако и така не јаде не знам што да речам. Мајка ми и свекрва ми велат за мене и за мм дека и ние сме биле такви па нема на кого @firequeenn кловнови сме сторени, и џабе. И со поблагите и со понеутралните исто е. 2-3 лажички и толку е. Упорна сум додека не заплаче давам.
Се роди 3750 Моментални е 9.800 ама можеби цел месец немаше качено воопшто. Сеуште цица, барем тоа... изгледа тоа уште ја држи... Ја оставам некогаш и поголем период гладна ама исто е. И не е дека мене ме гледа сака млеко и мм кога ја рани, мајка ми свекрва ми со сите исто се понаша, не сака да јаде. И со се имам пробано со тв, со песнички, со скокање пред неа, на земја додека си игра, со триста занимации и не вреди. Кога ќе пројде тогаш... Ама до тогаш се поболев
@Lovebug01 Мојата ќерка на почеток не сакаше да јаде повеќе од 2-3 лажички и единствено ми успеа со нејзината омилена песничка да ја слуша и гледа пред тв седната во релаксатор...сега јадеме без проблем 5++ сме
Сакам да воведам грав,11 жесеци сме.како воведовте? Имам и дљдено од водочката со леб да прпбљ а цело зрно не
Јас кога варам за нас му вадам неколку зрна, малку кромид и малку од водичката и спојувам со претходно сварено месо, пиперка или што и да имам дома.
После колку време од пробување вкусови треба да има прв оброк? Некаде 4+++ беше малата кога почнав со вкусови.Има пробано јаболка,круша,банана,слива,тиква,морков( тиквица и батат ми остана).Друго што смеам?Тие во кутија на Хипп Семолина(гриз) и ориз? Сега е 5 месеци ( 5 дена) Пример цица накај 8-9ч продолжува до кај 11ч.Ако ја фатам нерасонета додека мрда може да цица пак ама не многу.Ако отвори очи толку е,нејќе цице. И после за многу кратко и се преспива и не јаде многу,неколку лажички чисто да проба вкус. Кога и како да воведам оброк?
Веќе можеш да воведеш оброк. Чим цица 8-9 доручек во 11 дај и. Јас почнав со 100гр па по барање наголемував Палента можеш да дадеш имаш и на хип во кутија ама не ти ја препорачувам земи си обична палента.
Поубава ми е некако на вкус. Таа инстантот така некој чуден вкус и како и да ја направев грутки испаѓаа. Обичнава стави 100мл 1 лажица палента во мало тенџерче за 3мин готова е ја обожава
Thanks. Исто препорака од кои да земам просо, гриз, ориз? Мислам овие 4 се воведуваат на почеток, така?
Ако дадеш оризов гриз-семолина на хип што пишува не мира ориз да воведуваш дополнително; си вовела ориз. А палента ја земав на ДМ био инаку во зегин мислам има органска или био палента за други не знам. На почеток се тие просо киноа амарант ги препорачуваат од 6ти месец ама некои и порано даваат. Нема лош ефект просото само бенефит