Не знам зашто не е препорачлива Оли спомна па фатив се зачитав малку ама не знам колку е вистина дека била забранета во Сад ради канцерогеност се изначитав глупости така ми е кога читам многу
Мајки вчера земав многу вкусни органски сливи, сушени и сабајле една зготвив на пареа со јаболко и кашичката испадна супер... Е сега на пакувањето пишува сливите по отварањето да се чуваат во фрижидер и да се искористат во рок од 3 дена што нема шанси да ги потрошиме за 3 дена и се прашувам дали да ги замрзнам...
Пребарај го на лупата мислењето на дуника, а и уште една членка баш го пиша истото, ич не ми текнува точно што беше. Мене Марина од Ремедика уште од старт ми рече киноа и амарант да не давам до 1 година и ја послушав за тоа, а и тука кога пишаа, дефинитивно си почекав. Има многу други работи за давање ако решиш да не даваш, не мора баш толку рано да се даваат овие, но сепак кој како си сака. Важно да се знае за што станува збор, а одлуката после секако е на секоја од нас. Фала ти, ќе пробам, ич не ми текнува како ја правев
Majki sakam da zapocnam so probuvanje vkusovi ama ne znam bas Kako...ako moze nekoja tabela so sto prvo se pocnuva,potoa po meseci Kako se voveduvaat koi namirnici? Na koj nacin se davaat Dali vareni Ili svezi? Koga I Kako belka I zolcka? Koga mlecni proizvodi? Koga meso? Sekoja pomos za pocetok bi mi znacela
Здр убаво би било да се советуваш со педијатар, овде секој може различно да ти каже според своето искуство. Јас немам табела, ја имам бебе готвач книгата ама некои намирници сега порано се воведуваат од таа книга. Ќе ти испратам слики во порака. Некои педијатри советуваат да се почне со овошје, некои зеленчук, некои наизменично да даваш. Јас дадов морков прво иако после читав во хрватската група на фејсбук дека и не е баш за меѓу први намирници за бебе. Зачлени се во “ Domace kasice za bebe” имаат премногу информации и рецепти Значи први намирници се морков, јаболко, круша, слива, банана, батат, тиквица, компир, кајсија. Можеш да вариш или да готвиш на пареа. Потоа блендираш. Прв ден даваш 2-3 лАжички, ако нема реакција утре даваш 9-10 и трет ден колку сака бебе. моето уста не отвараше првите две недели. Скоро се фрлав. Не се откажувај ако е вака и кај тебе Во една недела два вкуса нови се воведуваат. Ќе пробувате сигурно месец два додека да воведеш оброк сега(бебе 7месеци) воведувам нови намирници во два дена. Жолчка педијатар мене ми кажа уште од 6 ама јас воведов нешто пред 7месеци. Белка е покасно јас планирам од 9-10месеци, а некои чекаат година Млечни сега почнав со кисело млеко од 7+ и јогурт после тоа ќе воведам. месо дадов телешко исто накај 7миот месец Телешко, мисиркино можеш, пилешко само домашно. Купечкото е после годинка и свинското е тогаш. Зачлени се во хрватската група
Не на почеток, ама на 8++. Мислам дека кај нас беа во прашање забите, бидејќи бевме вон скок. Исто така често бараше подои. Ова траеше едно 3 недели како ништо, многу бев загрижена, ама упорно нудев оброци повеќепати во денот. Плус, сфатив дека протестот има врска со тоа што се навикна на фингер фуд, па му оставав сам да грицка парчиња и си уживаше. Би те советувала да не правиш пауза, едноставно нуди повеќепати во денот и на различен начин.
И сирење и урда излегува, зависи што сакаш. Првиот пат кога направив, газата ја мотав за да исцедам и како топче го ставив во фрижидер, па после може да го сечеш и да го рендаш. За да биде урда, топчето со вилушка го поминав и стана урда, па со лажица ставам. Супер е сиренцето/урдата, денес баш за вечера му дадов со палента и јогурт.
Вариш 1 литар млеко (правам со тетрапак Алпско или со домашно ако имам), па кога ќе зоврие, ставаш 0,5 литар јогурт и мешаш на потивко додека се одвои сурутката. Потоа на тенџере ставам газа и оставам малку да се излади на газата и да се цеди, па цедам вртејќи ја газата, топче ќе се направи. Во фрижидер кога ќе подизлади. Само не стои многу бидејќи нема сол, и затоа пробувај пред да дадеш на бебето. Јадеме и јас и мм од него за побрзо да се изеде.
Несолена урда треба за неколку дена да се изеде, пример за бебе би давала до 3 дена. Обично ја делам за бебе и остатокот го солам за нас, инаку ќе ја фрлам.
Педијатарот ми даде зелено светло за риба(и се' што предизвикува алергија), препорачуваат пред да наполни година, особено ако е на доење. Ќе почнам со лосос внимателно и ќе следам реакции. Дали ако не покаже алергиска реакција можам да слободно давам било каква риба?
Сакам да дадам ноќна каша на хип со бисквит и јаболко за да почнеме со глутен, ама гледам содржи и пченица и овес и спелта треба прво се ова да внесам посебно?
На 0+ слушав дека киноата не мора да се кисне само да се измие во неколку води и после се вари мислам на опаковката пишуваше соодност за вода, 5 мин негде и требаше со јаболка е преубава