И моето е со дерматит до сеа нема јавено реакција на ништо. Ако немате алергија на одреден продукт во фамилијата мали се шансите д ареагира ако до се ане реагирало н нешто.
Јас би да не брзаш. Почни со 2 пати неделно да даваш, спелта, овес, пченичен па после постепено ќе зголемуваш
Не ми јавило реакција ама не дека имам дадено од некој од појакоте алергени. Ќе пробам денес само пченичен гриз малку па ако не јави реакција после другото. Фала вии
Имаш бисквитки на хип во кутија можеш да мешаш со јаболко.Или има ноќна каша само со бисквити и млеко можеш да пробаш.Јас ноќните ги давав од сабајле да видам дали има реакција до сега на ниеден продукт ми нема јавено алергија.Само ми јави грчеви од таа ноќната со гриз и ноќна во кутија со јаболко и уште нешто 4+ што е, а таа со јаболко и овес 6+ немаше грчеви.
Дали може да давам од овие или да барам други пишува дека содржат остатоци од глутен, кажете вие од каде купувате и какви?
@Izzy_0504 не би требало. Рано е некако. Битна е комбинацијата па шемата секој сам си ја прави. Сакав да прашам за втор оброк дали ни е време.Пред 3 дена направи 6 месеци.Дотогаш имавме 1 оброк доручек од 120-130 грама.Овој оброк ни беше воведен точно 1 месец. Дали е време зс втор оброк? Денеска му дадов и ручек, ја изеде кашата од 120 грама.
@Jana06 @Milkiway да сте ми живи и здрави за шмукалчињата, денес ќерка цело кашиче од 100г така го изеде. Летам од среќа јухууу А сабајлето па и дадов со лажичка и отвпри уста замислете. Него сакав да прашам, утре е 6 месеци и од житарки освен ориз што можам друго да дадам?
Браво баш ми е мило Палента, просо можеш да почнеш. А ако воведуваш глутен од 6ти пченичен гриз јас го давам тој бебе гриз, можеш овес... Киноа и амарант исто од 6ти месец се, јас не ги давам тие 2
А семолина, во маркет бев прееска и се мислев дали да земам, баш знам имаше тука една дискусија за тоа ама не ми текнува. Тоа од ориз уствари е? Јас ориз воведов па сега и семолината ми е воведена така?
Да, да оризов гриз е тоа и мене тука ми објаснија Супер ми е семолината за комбинација со овошје, оризот повеќе пример за ручек му го давам со зеленчук. Само не ги давам ден за ден. Ако сум дала денес ориз, утре палента, така правев на почеток да не и направи запек
Супер, само нека продолжи да си ручка Јас од житарките одма да ти кажам ништо од кутиите не сум купила. Сите ги купував од продавниците за здрава храна или дм, ориз од старт давам пакуван од маркет како за нас што користам. Е сега, не ми текнува глутен кога точно почнав ама мислам крај на 6ти. Значи ги воведов сите постепено ориз, овес, просо, палента и крај на 7ми месец почнав јачменови, ржани снегулки, кускус, бунгур, брашно итн. Во меѓувреме почнав и со телешко, мисиркино, млечни, па така имав доста избор за готвење. Киноа и амарант немам дадено, тие ќе почекаат.
По упатство на педијатарката моја , воведов втор оброк неколку дена пред да наполни Војдан 6 месеци и тоа доручек воведов бидејќи до тогаш имаше ручек воведено. Така да слободно воведи втор оброк. На сабајле нека биде житарка со овошје, за ручек зеленчук со маслиново масло. За две недели можеш да почнеш во кашичките да ставаш од водата во која се варело месото. Јас сега тоа го правам и постепено месо ќе се воведе...