Па зависи, синко меѓу 6ти и 7ми се издолжил 4цм а потоа по 2. Ако е активно бебе, не му се секирај колку качил.
@0ли 8+ Давав путер од јатки,бадем конкретно. Нешто подоцна ѝ ставав мелени лешници и бадеми во бисквит колачи без шеќер,во овесни каши како топинг... Орев немам мислам дадено,без особена причина. Офф топик,ве мислев со мали,се ми во глава дека на 5.5 му беше. Небитно,нека расте голем,здрав,во мноогу љубов
Фала многу Дали е океј лешници (тоа во моментов имам од двор) да дадам прво во нешто печено? Гледам со путери воведувате. Или наросено малку во некоја каша? Има причина зошто е прво со путер?
И кај нас е вака засега.После кога ќе воведам и вечера за да не дојде многу касно бидејќи заспива во 21:00,21:30 ќе поместам,да биде доручек во 8,8 и пол, млеко во 12, ручек во 15:00и вечера во 18:00, млеко пред спиење. Денеска ќе сме на гости за ручекот, таму ќе му носам кашичка. Како да ја подгреам да не е ладна не знам.. да прашам во микровална да ми ја стоплат малку? Знам дека е штетно, а друга опција која е? Не сака ладни каши..
Јас направена каша носам кај моите, стои на собна температура, топло е времето и ја давам. Не сум подгреала досега
@Alishan30 И јас не сум подгреала, 1 оброк имавме досега и се дома гледав да сме тој период,немало потреба. Ама сега да му кратам шетање не бива, не е еден ден. На собна скроз се лади. Ако има некој упатен да каже каде има термос за храна. Гледав негде имаше по реклами ама не ми текнува кај видов. Исто како за течност ама за храна е овај (помал)..
Мајки дајте некој совет! Синко е скоро 11.5 месеци. Од 10 месеци не сака ни зеленчукови, ни овошни кашички. Вчера бевме на педијатар и кажа па ако му давате млеко, несака кашичка? Што да правам кога вришти? Гладен ама ни правена, ни купена кашичка не сака. Морам млеко да му дадам.
Мајки може некоја да ми објасни како се почнува да се воведува кашички со кој вкус по колку и слично ние уште недела сме 4 месец мали сме ама да знам..
Сите каши ги греам во микро ако е мала на 30 секунди ако е голема на 1минута.На хип кашите знам дека пишува дека можеш и во микро. Ако правиш домашна една членка имаше пишано дека топла каша става во тегличе и во рок од три саати ја користи.Е сега ако повеќе седиш земи си готова каша па загреј ја.
Свежи овошја и зеленчуци како ги замрзнувате, варени или свежи и колку време смеат да стојат замрзнати?
Јас почнав со путер зашто ми беше поедноставно да додадам во утринската каша и секако го правам/купувам за мене. Инаку, зошто да не и во печено нешто. Ми даде идеја сега некои мафини да му испечам со јатки И ние имавме таков период. Мораш да смениш нешто, на пример да прекинеш со каши и да почнеш да готвиш како за вас. Јас гледав тогаш повеќе парчиња да јаде и не правеше голем проблем. Количински помалку јадеше ама пак ставаше нешто во уста. Месо му давав само како плескавица, купував само мелено телешко или мисиркино, инаку блендано или исечено не сакаше. Друго можеш ќофтиња од тиквица, динстани модар патлиџан, морков, компир, тиквица, брокули, парче риба, крокети од компир, палачинки, печен компир сецкан како за помфрит... Не знам сега, друго не ми текнува ама да биде нешто печено и да грицка. За ужина хит му се сега оризови галети, кашкавал со лепче, печено лепче со путер, диња. Да се едитирам уште за ова. И да не сака да јаде, стави го со вас на маса и почнете вие со јадење, може да изрази желба да проба од вашето. Моево прави друштво на секој на маса
Имате ли подготвувано овошје или зеленчук на топол воздух (во air fryer) наместо да бидат варени или на пареа, дали може така да пробам?
Јас мислам да не ги вариш и на парченца сечени и свежи да си ги замрзнеш во кесички. Јас моментално само пашканат имам смрзнат и суви сливи, а останатото ми стои најдоле во фрижидерот во пластичната корпа...Тиквата еве стои 2-3 недели така и си сечам по едно парче на неколку дена... А, смрзнати немаат гајле со месеци... Туку сакав да прашам за просото. Сабајле јадеше пак просо и го покиснав неколку саати во ладна вода, па го варев подолго околу 40 минути и повеќе го блендирав...И покрај тоа све, во кашиката има ситни како зрнца минијатурни и тврди...Војдан ја јаде таа кашичка ама со страв му ја давам...
https://zhzd.blogspot.com/2016/08/blog-post_30.html Јас по ова се водам за замрзнување А за замрзнати како што знам 6мес се чуваат ама може и да сум грешка
Ништо немам смрзнато до сега, само свежо правам или од готовите кашички им давам. Ме интересира, кисело млеко од кога? И какво давате и со што измешано? Фала