Мајки, сакам да дадам пилешко домашно но тоа ми е ко за ручек како воведувате вакви работи ги давате во термин з ручек или од сабајле со доручекот?
Проблемот кај нас е што имаме само две забчиња. Ми е страв да му дадам парчиња. Од кога почна со цврста храна, бебе седи во хранилката до трпезариската маса. Кога јадеме ние тој не гледа и мљацка со устата. Му давам од кашичка, тој неколку лажички и почнува да плука. Навистина незнам што ќе се прави? Да се надеваме дека само е период и дека конечно ќе помине?
Можеш да пробаш пример бататот да го изблендираш а другото да го изгмечиш.Мојов нема заби пробав да му дадам пасирано прави потези за повраќање и имав купено од Лино каша со телешко е сега внатре имаше и парченца од морков и компир па си ги јадеше така, пробај може ќе упали.
Пробав, со тестенини и морков и лосос. Лососот е блендиран, морковот и тестенините ситни. Се дави и му иде како на повраќање. ММ ми вика, додека се тресиме и двајцата фрлај кашичката.
Ако прави како за повраќање на секое залче рано е. Исто правеше така има две запчиња. Ама еве веќе неколку дека нкога ние јадеме скока по маса и давам од лепчето само срединка ептен малку и не прави така веќе ,денес и дадов испасирано си изеде .Почекај некое време
Јас кога почнав да му давам парчиња немаше ниедно запче. Еве горните кецови сега му искочија пред неполн месец. Добро, на почеток не беа баш парчиња туку банана, лепче такво нешто меко. Не му требаат запчиња за да џвака и нагони за повраќање се нормална појава на почеток. Продолжи да нудиш ќе се навикне. Голем е веќе, треба полека да го учиш зашто после потешко ќе биде.
Jана од кога почна со парчиња? Јас му давам банана ама јас да му ја држам страв ми е да не откине парченце а 7м е он само шмука незнам дали му е време?
Некаде во 8миот месец мислам. Скрши мало парченце од бананата, згмечи го и дај му. Види како ќе се однесува, дали ќе го врти во устата, дали ќе џвака. Ако да, значи веќе совладал што треба да прави и постепено почни и друго да му даваш. За да не откине поголемо парче (обично ги плукаат ако се поголеми) стави го прстот до каде да гризне. И мене ми беше страв ама со тек на време сфаќаат и тие и внимаваат. Еве и сега син ми ако не може да го изџвака парчето, ми го плука.
Нагон за повраќање е природен рефлекс кај бебињата за превенција од давење. Постепено менувај структура на кашите, ќе му треба време додека се привикне, после и нагонот ќе го снема.
@Bebac Сите го поминуваат тој дел со нагоните, нормално е и кратко трае досека се навикне, продолжи со покрупно од блендирано, ќе навикне.
На хартија за печење го ставам парчето, одозгора капнувам маслиново и неколку зрна сол и печам 20мин на 200 степени.
Ленено семе дадов во мафини како замена за јајце. Се друго иситнив како прав во блендер и наросував на јадењета. Или додавам во смеса за палачинки.